thumb|300px|Јужните Алпи покриени со снег на сателитска снимка на Јужниот Остров на Нов Зеланд.
Јужните Алпи (англ. Southern Alps) се планински венец кој се протега долж западната страна на Јужниот Остров на Нов Зеланд, и го дели Јужниот Остров на два дела по целата должина. Поимот „Јужни Алпи“ се однесува на целиот венец, но помалите венци во склоп на него имаат свои имиња.
Аораки/Кукова Планина е највисоката планина на венецот (и во земјата) со 3.754 m. Венецот има уште 16 врва кои надминуваат 3.000 метри во височина. Голем дел од венецот е заштитен како дел од разни национални паркови, од кои позначајни се националниот парк Вестленд, Маунт Аспајринг, и Аораки/Кукова Планина. Според едно пребројување од доцните 1970-ти, Јужните Алпи имале над 3000 ледници поголеми од еден хектар,Chinn, T. J. (2001). Дистрибуција на ледничките водни ресурси на Нов Зеланд , Journal of Hydrology (Нов Зеланд), 40(2), 139–187. а најголемиот од нив – Тасмановиот Ледник – е долг 29 километри.Lambert, M. (уредн.) (1989) Air New Zealand Almanack Wellington: New Zealand Press Association. стр. 165
Јужните Алпи ги именувал капетанот Кук на 23 март, 1770, опишувајќи ја нивната „запрепастувачка височина“. стр. 384. Пред Кук ги видел и Абел Тасман во 1642, чиј опис на западното крајбрежје на Јужниот Остров честопати се преведува како „крај издигнат на високо“.Orsman, H. and Moore, J. (уредн.) (1988) Heinemann Dictionary of New Zealand Quotations, Heinemann, стр. 629.
Јужните Алпи се протегаат долж тектонска граница, дел од т.н. Тихоокеански Огнен Прстен, при што Тихоокеанската Плоча на југоисток турка западно и се судира со северно насочената Индоавстралиска Плоча на северозапад. Во текот на изминатите 45 милиони години, судирањата од Тихоокеанската Плоча истиснале карпи со широчина од 20 км образувајќи ги Алпите, иако најголемиот дел од овој истисок денес е одронет. Нагорниот раст бил најбрз во последните 5 милиони години, и ова извишување продолжува и денес благодарјќи на тектонскиот притисок, кој предизвикува земјотреси во Алпскиот Расед. И покрај значителноото извишување, највеќето релативни движења на Алпскиот Расед се странични, а не вертикални.
Бидејќи венецот е ориентиран нормално на предоминантните западни ветришта, венецот создава одлични услови за летање со едрилица. Гратчето Омарама, која е во заветрина од планините, има стекнато меѓународно реноме за неговите услови за воздушно едрење. Предоминантните западни ветришта исто така создаваат и временска појава наречена „Северозападен Лак“, каде влажниот воздух се истиснува нагоре над планините, обликувајќи облачен лак во инаку синото небо. Оваа временска појава честопати е видлива во текот на летото преку Кантербери и Северен Отаго. Тамошниот северозападен ветер е фенски ветер сличен на Чинукот во Канада, каде влажните ветришта удираат во планинските венци и го истиснуваат воздухот нагоре, така разладувајќи го воздухот и кондензирајќи ја влажноста во дожд, па со тоа се добиваат суви топли ветрови во спуштениот воздух во заветрина на планините.
Наводи center|thumb|1080px|Панорамски поглед на дел од Јужните Алпи зиме од врвот Хамилтон, на венецот Крејгиберн. right|thumb|Поглед на Јужните Алпи од низински пат.
Категорија:Планински венци во Нов Зеланд Категорија:Планини во Нов Зеланд Категорија:Фјордленд Категорија:Западно Крајбрежје (Нов Зеланд) Категорија:Кантербери (регион)