мини|250п|Грчкиот штаб во Хаџи Бејлик на крајот од Втората балканска војна како ги расправа грчките барања од Букурешкиот договор.
Хаџи Бејлик (, Вирониja; до 1927 г. Χατζή-Μπεϊλίκ, Хаѕи-Бејлик) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно од Валовишта во живописно место во јужното подножје на Беласица. Југозападно од него е Бутковското Езеро. Селото првично било во пазувите на Беласица, но подоцна е преместено на југ кај железницата. Старото Горно Маало до 2000-тите се водело како одделно село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια) и во 2001 г. имало 75 жители.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Хаџи Бејлик било чисто македонско село во Демирхисарската Каза. Било чифлик на Акил-бег од Сер. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџи Бејлик (Hadji-beylik) било село со 80 домаќинства на 270 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 650 жители, сите Македонци христијани.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 800 Македонци, сите под Егзархијата. Во него работело бугарско основно училиште со еден учител и 25 ученици.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција според Букурешкиот договор. Истата година населението броело 306 жители, кои во во 1920 г. се зголемиле на 384 лица. Во 1923-1924 г. под притисок на грчките власти се иселиле 300 лица (70 семејства) во Бугарија, На нивно место власта довела грчки колонисти од Турција. Потомци на иселениците од Хаџи Бејлик денес живеат во Петрич и околината. На пописот од 1928 г. селото е претставено како мешано со 882 жители, од кои 656 лица (185 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.
+ Месности во Хаџи Бејлик преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Топ Чинар Τοπτσινάρ Стронгилопиги Στρογγυλοπηγή Рамна Ράμνα Омалос Όμαλός село и врв на Беласица (539 м) на ЗСЗ од Хаџи Бејлик Хаџи Аврам Χατζαβράμ Строфес Στροφές Кална Скала Κάλνα Σκάλα Скала Σκάλαмесност на Беласица на ССЗ од Хаџи Бејлик Султаница Σουλτανίτσα Султана Σουλτάνα река и падина СИ од Дервент Рамна Ράμνα Омалорема Όμαλόρεμαрека на ЗСЗ од Хаџи Бејлик Арнаути или Арничи Άρναούτη Арнаути Рема Άρναούτη Ρέμα река СИ од Хаџи Бејлик, друго име на Султаница Попотливица Ποποτλίβιτσα Пападолупа Παπαδοπούλαгранична месност ма Беласица С од Хаџи Бејлик
Население Долно Хаџибејлик
Горно Хаџибејлик
Личности Георги Узунов (Дедо Петар, 1852 – 1932) — револуционер, деец на ВМОРО и ВМОК Христо Попандреев (1869 – ?) — војвода на ВМОК Димитър Илиев (1878 – 1957) — општественик во Бугарија, револуционер и деец на ВМОРО, народен пратеник од БЗНС
Наводи
Категорија:Синтика Категорија:Беласица