Мандраџик (, Мандраки; до 1926 г. Μαντρατζίκ, Мандраѕик) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.

Географија Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно от Валовишта, во живописно место на подножјето на Беласица. Јужно од него е Бутковското Езеро. Мандраџик е едно од згодните поаѓалишта за искачувањето на првенецот на Беласица — врвот Радомир (Калабак) и високите делови на планината.

Селото се наоѓало на околу 1 км посеверно од денес, пред да биде преместено со замената на населението во 1920-тите.

Историја Во селото има остатоци од средновековна тврдина — таканаречената Циганска кула.

Во Отоманското Царство Во XIX век и почетокот на XX век Мандраџик било село во Демирхисарската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мандраџик (Mandradjik) било село во Серската Каза со 19 домаќинства сочинети од 46 муслимани.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал: „стигнавме по добар пат во околината на селото Мандраџик. Посред таканаречената Циганска кула стигнавме во селото. Просторот на оваа кула има квадратен облик и е обработен со една ѕидина, широка до еден метар, а висока 2-5 метри. На некои места се гледаат траги од прозорци, но не се забележуваат никакви украси, ниту пак натписи. Луѓето кажуваат дека тука некогаш живеел циганскиот крал.“

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Турци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 63 жители, кои во 1920 г. се свеле на 29 лица. Во 1923-1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Мал Самоков и Трулија, Источна Тракија. Во 1926 г. селото е преименувано во Мандраки, а куќите се изградени на 1 км јужно од постоечкото село. На пописот од 1928 г. селото били чисто дојденско со 278 лица (67 семејства).

Во 1940 г. Мандраџик имал 421, а следната година 313 жители. Населението доживало значаел пораст за време на Граѓанската војна кога тука се доселиле жителите на соседното планинско село Мешели. Така, во 1951 г. селото веќе имало 737 жители. По краток период на понатамошен пораст, населението доживеало голем пад поради иселување во поголемите градови.

Население

Културни и природни знаменитости Циганска кула — тврдина од доцновизантиско време

Наводи

Категорија:Синтика Категорија:Беласица