Ветрен (Ветрена или Ветрина; , Нео Петрици; до 1927 г. Βέτρινα, Ветрина) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција.
Географија Селото се наоѓа северозападно од градот Сер и западно од Валовишта. Лежи во живописна месност во југоисточното подножје на Беласица. Низ селото тече реката Султаница или Ветренска Река. На неколку километри североисточно од селото почнува Рупелската Клисура на Струма.
Историја Во Отоманското Царство Селото се спомнува во османлиски дефтер од втората половина на XV и почетокот на XVI век под името Ветрена со 14 глави на домаќинства.Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
Во османлискиот воопштен даночен список на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616–17 г. селото се води како Ветрене со 191 даночно обврзани домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 227.
Во средината на XVII век низ Ветрен поминал османлискиот патописец Евлија Челебија, и напишал дека во селото, освен неколкуте муслимански, имало и 5 маала на „грчки, бугарски и српски неверници“ (христијани).Евлия Челеби. Пътепис, София, 1972, стр. 284.
Во XIX век Ветрен бил второ село по големина во Демирхисарската Каза. Населението било етнички мешано, и со мнозинство на муслимани и малцинство на Македонци христијани. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ветрина (Vétrina) била село со 228 домаќинства сочинети од 480 муслимани и 100 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Вятърна (Вѣтренъ) живееле 250 Македонци, 1.300 Турци, 100 Черкези и 120 Роми. Во селото меѓу Македонците работела грчката пропаганда. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Ветрен се состоело од 240 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 13 ученици.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ветрен броел 1.489 жители. Во него се преселиле гркомани од пиринскиот град Петрич и села Старчево, Богородица, Рупите и Беласица како и Власи од соседното беласичко село Рамна. Поради тоа, во 1920 г. во селото се заведени 1.756 лица. Во 1924 г. сето турско и черкеско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени голем број грчки колонисти од Понт и помал број од Источна Тракија и остатокот од Мала Азија.Πολιτιστικός Σύλλογος Νέου Πετριτσίου На пописот од 1928 г. Ветрен било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 2.611 жители, од кои 687 лица (179 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.
Во 1927 г. селото е преименувано во Неон Пертицион, во превод Нов Петрич.
Во мелиорацијата на и регулацијата на Струма во 1930-тите, како и создавањето на вештачкото Бутковско Езеро, новодобиеното земјиште привлекло повеќе жители од околните села, така што во 1940 г. во Ветрен се регистрирани 4.903 жители. За време на Втората светска војна добар дел од населението се разотишол по други места во Егејска Македонија, така што бугарската статистика од 1941 г. во него завела само 2.800 жители. По војната населението почнало да се враќа, но набргу потоа бележи тренд на иселување во поголемите градови.
+ Месности во Ветрен преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Џами Кари Τζαμί Καρί Гинекоклиси Γυναικοκκλήσιместност на Ј од Ветрен по десниот брег на Струма Џан Куртаран Τζάν Κουρταράν Сотирас Σωτήραςместност на И од Ветрен по десниот брег на Струма Дирин Дири Дере Ντιρί Ντερέ Ватирема Βαθύρεμαрека на З од Ветрен Султаница Σουλτανίτσα Василиски Βασιλίσκηбеласичка река, тече низ Ветрен, десна притока на Струма Вудоник Βουντονίκ Плагија Πλαγιά Маџирка Ματζίρκα Катафигион Καταφύγιον Лубут Λουμπούτι Конос Κώνοςвозвишение на Беласица СИ од Ветрен, над десниот брег на Струма (293,2 м) Оградина Όγκραντίνα Стенотопи Στενοτόπιврв на Беласица СЗ од Ветрен (1.082 м) Кушница Κουσνίτσα Кремастон Κρεμαστόνместност на Беласица СЗ од Ветрен Градум Γκραντουμ Трикофрон Τρίκορφονврв на Беласица С од Ветрен Дивичо Ντινίτσιον, Ντιβίτσιο Хорисма Χώρισμα возвишение на Беласица СИ од Ветрен, над десниот брег на Струма (294 м) Касир Тепе Κασίρ Τεπέ Периптерон Περίπτερονврв на Беласица С од Ветрен (801 м) Летник Λέτνικ Геракас Γέρακαςврв на Беласица С од Ветрен Јанушница Γιαννούσνιτσα Јанорема Γιαννόρεμαбеласичка река на З од Ветрен Меџит Μιτζίτι Тристрату Τρίστρατουвозвишение на Беласица ССИ од Ветрен Кел Каја Κέλ Καγιά Фалакри Φαλακρήгранична местност на Беласица, ССЗ од врвот Типец Арпалук Άρπαλούκι Стиригма Στήριγμαврв на Беласица С од Ветрен (1.042 м) Ваџилак Καλύβια Βατζαλάκ Каливија Καλύβιαместност СИ од Ветрен, по десниот брег на Струма Горни Ѓолови Έπάνω Γκιόλια Елос Έλος Кудул Κουντούλ Стасис Στάσιςврв на Беласица на С од Ветрен Хан Дере Χάν Ντερέ Анапавтирион Άναπαυτήριονпоранешно село СИ од Ветрен, по десниот брег на Струма Ашаја Маала Άσία Μαχαλάδες Катомерон Κατώμερονпоранешно село С од Ветрен Тополница Τοπόλνιτσα Асимандо Άσήμαντοпоранешно село ЈЗ од новото село Тополница, Петричко Трапеска Τραπέσκα Трапези Τραπέζιврв на Беласица ССЗ од Ветрен (1.110 м) Истибеј Ίστίμπεη Охирон Όχυρόνтврдина на врвот Белиот Камен (Истибеј) на Беласица
Население
Личности Иван Атанасов – Инџето (о. 1846 – 1896) — револуционер и ополченец Атанас Сејтов (1885 – ?) — борец во МОО, учител, четата на Крум Пчелински Петар Георгиев, наречен Петре Касапчето (о. 1867 – ?) — револуционер, учесник во Илинденското востание во штабот на Беласичкиот одред Христо Капетанчето (? – 1912) — гркомански андарт
Наводи
Категорија:Синтика Категорија:Беласица