Мирово ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ελληνικό — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 743 метри.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мирово имало 60 жители Македонци и 290 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По 1919 година, голем дел од унијатското население заминале во Бугарија, каде го основале селото Ново Делчевоhttp://www.kae-bg.org/images/content/36/istoria%20novo-delchevo.doc.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Елинико..

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 124 жители бегалци..

Наводи

Категорија:Кукуш