Ругуновец (Карасуле или Кара Суле; , Поликастро; до 1928 г. Καρασούλι, КарасулиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρασούλι -- Πολύκαστρον) — гратче во Гевгелиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 6.602 жители (2021).

Географија Гратчето е сместено во област Бојмија, на левиот брег на реката Вардар спроти Бојмица. Оддалечено е 17 км од државната граница со Р Македонија и лежи 52 км северно од Солун .

Историја Во недалечната месност Тава е откриена населба од далечното минато, која во 1994 г. е прогласена за заштитен археолошки споменик.

Во Отоманското Царство Во XIX век Ругуновец било македонско село во Гевгелиската Каза.

Во селото во 1895–96 г. е основан комитет на Македонската револуционерна организација.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 9549514560 Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ругуновец се состоел од 340 жители Македонци, 200 Турци, 12 Черкези и 55 Роми. На почетокот на векот турското име почнало да го истиснува традиционалното македонско.

На почетокот на XX век во Ругуновец работеле две странски пропаганди — бугарската и грчката. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Кара Суле имало 312 Македонци под егзархијата и 144 Македонци под Цариградската патријаршија, 30 Роми и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 194-195.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Карасуле имало 35 македонски и 35 турски куќи.

Нешто подоцна Боривое Милоевиќ го завел со 80 македонски, 35 турски и 12 ромски куќи.

Во Грција мини|250п|Британски воени гробишта во Ругуновец. Селото силно настрадало во Втората балканска војна (1913) и речиси половината од македонското население морало да се исели за да се спаси од грчката војска. На пописот таа година населението се смалило на 458 жители, а селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1914 г. огромен број од Македонците се иселиле во Бугарија под притисок на грчките власти, па на пописот во 1920 г. се забележани 322 жители. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турските жители на Ругоновец се иселени во Турција, а на нивно се доведени Грци од Мала Азија, Понд и Источна Тракија, како и Каракачани од Бугарија. Селото го напуштиле уште 71 Македонец (селејќи се исто така во Бугарија), така што во Ругуновец останале сосема мал број македонски семејства. Поради бројните грчки доселеници, во 1928 г. Ругуновец имал 1.880 жители, од кои 1.363 биле грчки дојденци (392 семејства). Истата година името му е сменето во Поликастро.

Во 1940 г. селото броело 2.800 жители. По Втората светска војна Ругуновец прераснал во гратче благодарение на делумното пресушување на Аматовското Езеро во 1934 г. со кое се добиле големи плодни површини и се искоренила маларијата. Поради овие поволни услови, во следните периоди гратчето продолжило да расте, со 3.085 во 1951, 3.821 во 1961 и 5.279 во 1971 г. Растот продолжил и понатаму, со 5.635 жители во 1.981 и 5.260 во 1991 г. Подемот се засилил на почетокот на следниов век, бележејќи 6.485 во 2001 и 7.064 лица во 2011 г.

Ругуновец е збратимен со градот Бјала, Бугарија, каде живеат Македонците од Бојмија.Портал на Општина Бјала

+ Месности во Ругуновец преименувани со указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Арџански Колиби Άρτζά Καλύβια Каливија Καλύβια месност на ЈИ од Ругуновец Вардина Βάρδινα Гонимо Γόνιμο Стари Караули Παλ. Καραούλι Мелија Μέλια месност на ЈИ од Ругуновец, на С од железничката станица Тема Τέμα Стема Στέμμα месност на ЈИ од Ругуновец и на ЈЗ од Нова Кавала Арџанско Езеро Λίμνη Άρτζέν Лимни Λίμνη месност на местото на поранешното Арџанско Езеро на И од Ругуновец и на С од Нова Кавала Арнаут Таш Άρναούτ Τάς Врахаки Βραχάκι возвишение на ЈИ од Ореовица и на ЈЗ од Спанчово

Население

Стопанство Поради големото и плодно земјиште, во Ругуновец се произведува многу квалитетен памук, жито и бостан. Развиена е и преработувачката индустрија, чии производи одат за извоз.

Знамеитости Црква „Св. Атанас“ — постарата македонска црква од 1885 г. Црква „Св. Троица“ од 2013 г. Ругуновски амам од XIV век

Личности мини|180п|Иван Карасулијата Спиро Карасулски (1869 - ?) — револуционер на МРО Иван Карасулијата (1875 – 1905) — револуционер на МРО Стојко Христов (? - 1905) — револуционер на МРО Антон Југов (1904 – 1991) — премиер на Бугарија Атанас Костов (1911 - 2004) — градоначалник на Пловдив

Поврзано Бојмија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ругуновец