Дабово или Д’бово (, Валтотопи; до 1927 г. Δάμποβο/Ντάμποβο, Дамбово) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 128 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа на 7 км јужно од градот Бојмица, на извесно растојание од десниот брег на реката Вардар.
Историја Во Отоманското Царство В XIX век Дабово било македонско село во Кукушката каза. Црквата „Св. Константин и Елена“ на источниот крај на селото е од средината на XIX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дабово (Dabovo) било село во Кукушката каза со 45 куќи на 206 жители Македонци. Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дѫбово (Дамбово) било село во Гевгелиската Каза со 276 жители Македонци.
Целото село било под въховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дабово (Dabovo) имало 360 Македонци, сите под егзархијата, и работело бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Дабово било македонско со 15 куќи.
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Дабово било чифлигарско село со 43 семејства сочинети од 170 жители Македонци, 17 Роми (150 чифлигари) и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
За време на Првата балканска војна во 1912 г. селскиот кмет на Христо Попдимитров е уапсен од грчката војска и затворен во Берскиот затвор. Освен него, тепани и уапсени се Божил Иванов, Пеце Иванов, Петко Георгиев, Иван Караиванов, Васил Балинов, Димо Гонеов, Васил Георчев и попот Димитар.Yonov, Momchil. Complaints and destiny of the Bulgarians in Macedonia during Balkan wars 1912-1913, 1998, стр. 340.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Д’бово (Дъбово) пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Оризарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Не можејќи да го поднесат теророт на грчката власт, најголем дел од населението морало да се исели во Бугарија (официјално 88 лица). Во извештај од Солун во април 1914 г. бугарскиот дипломат Сократ Тодоров забележал:
На местото на мештаните се доселени жители на Киздервент во Мала Азија — Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50. Во 1926 г. селото е преименувано во Валтотопи. Во 1928 г. селото е попишано со 373 жители од кои 318 лица (89 семејства) биле дојденци, а останатите мештани.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Константин и Елена“ од средината на XIX век „Воздвижение на Чесниот Крст“ на северниот крај од селото
Личности Васил Балинов (1865 – ?) — терорист и куриер на ВМОРО Димитар Николов (1890 – ?) — борец во МОО, Нестројна чета на XV Штипска дружина
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)