Мал Бешик или Микра Волви () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Микра Волви бил дел од општина Рендина.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 13 километри западно од Ставрос и 69 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 65 метри, на североисточниот брег од Бешичко Езеро во подножјето на Богданска Планина.

Историја

Во XIX век Мал Бешик било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 15 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштиле своите домови.

Во 1927 година селото било преименувано во Микра Волви.

Демографија

Во 1928 година селото било мешано со 43 семејства и со население од 165 луѓе, додека во 1940 година селото броело 427 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 659 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 860 жители, во 1971 година имало 730 жители, во 1981 година имало 691 жител, додека во 1991 година имало 719 жители а во 2001 имало 770 жители. Денеска, населението на селото е 555 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик

Категорија:Бешик