Граничево или Гранич (, Крионери; до 1927 г. Γκερμίτς, Гермиц; до 1949 г. Κρύα Νερά, Крија Нера) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 727 жители (2021).

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 23 километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 603 метри.

Историја

Во XIX век Граничево е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Грамничево во 1900 година имало 700 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Крионери.

Наводи

Категорија:Лагадина