Агалуш — село во Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 47 жители.
Географија и местоположба Селото е со местоположба на околу 30 км југоисточно од градот Гребен.
Историја Под владение на Османлиското Царство
Кон крајот на ХІХ век Агалуш заедно со соседното село Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската Каза во Османлиското Царство. Во близина на селото се наоѓала кулата на агите, од којшто се управувал големиот турски чифлик, кој опфаќал уште 24 сеча.Портал на поранешната Општина Венци
Во овој период Агалуш е мешано муслиманско-христијанско гркојазично село. Според статистиката на Васил К’нчов пред 1900 година во Агалуш живеееле 90 валахади (гркојазични муслимани) и 91 Грк христијанин.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 280. Според записите на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Агалуш имало 90 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.
Според грчкиот конзулат во Еласона пред 1904 година во Αγαλαίοι има 100 валахади и 40 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Грчката атинска статистика од 1910 година во селото има 70 муслимани и 109 православни Грци. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 112.
Грчка окупација
За време на Првата Балканската војна во 1912 година во селото влегуваат грчките војски и за време на Втората балканска војна во 1913 година Агалуш останува во Грција.
Според сведочењата од 1920 година Агалуш било населено само од валахади од 31 семејство и 85 жители.
Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се населени Понтски грци кои пребегнале од Грција. Во 1928 година селото е претставено бегалско со 31 семејство и 81 жител.
Стопанство
Населението во селото се занимава со земјоделство и сточарство.
Демографија
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Гребен
Категорија:Гребен (општина)