Алчак (, Хамило; до 1926 г. Αλτσάκ, АлцакΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσάκ -- Χαμηλό) — гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 92 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа околу 3 км југоисточно од Гевгелија и 4 км југозападно од граничниот премин Сехово (Идомени) во Р Македонија. Лежи на североисточните падини на планината Пајак во областа Бојмија, на растојание од 26 км северно од гратчето Бојмица.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Алчак било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алџак (Aldjak) било село во Авретхисарската каза со 160 домаќинства од 455 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168-169. Васил К’нчов во 1900 г. на ова подрачје забележал само неколку маала кои не се спомнуваат на друго место, од кои отсуствува селото Алчак.5. Гевгелиска Каза. „Македонија. Етнографија и статистика“, додека пак Боривое Милоевиќ нешто подоцна правилно го завел со 50 турски куќи.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Алчак-Клисе било мешано македонско и турско село со 20 куќи.
Во Грција По сила на Букурешкиот договор, во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е испуштено од пописот таа година. Селото било принудно иселено во Првата светска војна бидејќи, како погранично, низ него минувала фронтовата линија. Во 1920 г. се заведени 144 жители. По сила на Лозанскиот договор во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово место населиле грчки доселеници, како и едно македонско семејство од с. Моин преку границата. Во 1926 г. властите го преименувале во Хамило со значење ниско или тивко.χαμηλός — Грчко-македонски речник на офф.нет Со овие промени, во 1928 г. Алчак е заведено како наполно дојденско село 44 семејства од 125 жители — сите Грци дојденциСимовски дава бројка од 219 лица за 1928 г. (занемарувајќи го едното македонско семејство). Во 1940 г. нивниот број пораснал на 283, но поради Грчката граѓанска војна и оскудноста на крајот, селото доживеало пад на 220 лица 1951 г. Во 1961 г. се попишани 258 жители, но дошло до повторно намалување, со 154 лица во 1971 и 163 во 1981 и 140 жители во 1991 г. Бројката останала релативно стабилна во 2001 г. кога се заведени 154 лица, за да опадне на 117 на следниот попис во 2011 г.
Население
Стопанство Селото е прилично пасивно, а населението се занимава со производство на тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.
Поврзано Бојмија
Наводи
Категорија:Гевгелиски села Категорија:Пајонија (општина)