Чохалари (, Партенио или Παρθένος, Партенос; до 1926 година Τσοχαλάρ, Цохалар) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓа во Солунското Поле, на околу 4 км јужно од Илиџиево.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Чохалари било чифлик во Солунската Каза. Се смета дека името се должи на тоа што во него се произведувало сукно (тур. чоха).

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1856 г.

На крајот од XIX атарот на Чохалари зафаќал површина од 560 хектари и му припаѓал на беговите Маслун и Саледин. Жителите се занимавале со земјоделство и сточарство, а воедно и риболов во водите на Долното Езеро и Вардар. Од 1892 г. натаму Чохалари го опслужувала железничката станица во Крџалиево. Подрачјето страдало од маларија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чолжелер броело 187 жители, сите Турци, но ова е погрешно.

Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Чохаларе) прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чохаларе (Tchohalare) имало 216 жител, сите Македонци под егзархијата.

На пописот од 1905 г. селото имало 109 жители со мешана црковна припадност.

Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Цохалар (Τσοχαλάρ) било словенојазично село во Воденската митрополија со 180 жители. Во селото правела обиди грчката пропаганда — имало грчко основно училиште со 13 ученици и 1 учител.

Пред 1912 г. селото било чифлик, сопственост на муслиман и имало околу 150 жители „македонојазични“ христијани под Егзархијата и под Патријаршијата, како и 50 Роми муслимани.

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во име на 15 егзархистички семејства да им се даде делот од селското училиште кој им припаѓа и да можат Св. Ѓорѓи|црквата која претходниот режим им ја предал на патријаршистички семејства.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Чувалари пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани и 10 куќи на Роми муслимани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 216 жители кои во 1920 г. се намалиле на 190 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Партенос, во превод девица. Според една верзија, наречено е по селото Партенон во Мала Азија од кое дошол тогашниот чохаларски учител Калафатидис, а според друга, по цариградскиот патријарх Партениј.

Согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци. На пописот од 1928 г. Чохалари имало 239 жители, од кои 44 лица (17 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани. Друг извор дели дека таа година имало 240 лица, од кои само 50 биле грчки дојденци од Понд.

До 1935 г. во селото постепено се доселиле Власи и Каракачани.

Стопанство Селото лежи на добра земја која целосно се наводнува. Жителите се занимаваат претежно со земјоделство, а по малку и со сточарство. Се одгледува ориз, пченка, памук, цвекло и шпарлги.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Ѓорѓи“ од 1856 г.

Наводи

Категорија:Илиџиево