мини|десно|250п|Жени од Пејзаново на почетокот на XX век Пејзаново, Киречќој или Варово (, Асвестохори) — гратче во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Сместено е веднаш до градот Солун, а населението брои 6.453 жители (2021) кои до денес се исклучиво Македонци.

Географија и местоположба Гратчето се наоѓа на планината Хортач, во подножјето на врвот Свети Илија, 5 км источно над градот Солун, на надморска височина од 460 м.

Се смета дека местото има многу здрава клима поради полупланинскиот карактер и претставува популарно излетничко место поради близината до Солун.

Историја

Во Отоманското Царство мини|десно|180п|Женска носија од Пејзаново Според Кузман Шапкарев, селото е основано од Османлиите откако завладеале со Солун и тука населиле Бугари со цел да бидат испостава, пазејќи го градот од „грчки смутови“.Шапкарев, Кузман. Руссаллии. Древен и твърде интересен българский обичай запазен и до днес в Южна Македония. Пловдив, 1884, с.27. Сè до првата половина на XIX век, населението уживало особени привилегии. Не плаќале никакви даноци и се нарекувале пајзани, т.е. „пазачи“, со традицонална задача да го пазат водоснабдувањето на Солун.

Селото подоцна се нарекувало и Варово (на турски Киреч Ќој) поради тоа што населението специјализирало во производство на вар, потоа превезувајќи го за продажба нашироко, дури до Анадолија.

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пејзаново како македонско село.нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Пејзаново Киречќој (Payzanovo Kiretchkeui) селото е заведено со 700 домаќинства со вкупно 3.158 жители, сите Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.150-151.

На почетокот на 1870-тите рускиот козул во Солун сведочи дека селото има 700 македонскинарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската политика и 15 влашки семејства. Во продолжение, конзулот вели дека Македонците се поделени на партии поради странските странски пропаганди, од кои посилна е онаа на патријаршијата (грчката).Маркова, Зина. „Българската екзархия 1870-1879“. София, 1989, стр. 81.

Во 1874 г. бугарските пропагандисти конечно успеале да отворат бугарско училиште,Апостоловски, Иван. Отварянето на първото българско училище в село Киречкьой (Солунско). - Македонски преглед, 1928, кн.3. покрај постоечкото големо грчко училиште со шест учители. Бугарското училиште работело сè до првата половина на 1880-тите, кога е затворено по силни залагања на солунскиот митрополит Јоаким (подоцна вселенски патријарх Јоаким III)Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Киречќој (Пејзаново) живееле 4.200 Македонци-христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140

По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Киречќој живеат Македонци под врховенството на Цариградска патријаршија и во селото работи едно основно и едно средно грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.

Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Кречово (Киречкеј) се состоело од 1000 македонски куќи.

Во Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 4.800 жители. Сè до Првата светска војна Пејзаново било најголемото македонско село во Солунско. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Ова се сменило поради страдањата во неа, така што во 1920 г. се заведени само 2.767 жители, а во 1928 г. населението понатмау опаднало на 2.705 жители. Селото до денес останува сосем македонско благодарение на тоа што во него воопшто не се сместувале грчки доселенички семејства.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1800 г., прогласена за споменик на културата Црква „Св. Петка“ Пејзановска пештерна црква

Самоуправа и политика Гратчето припаѓа на општинската единица Хортач со седиште во Пејзаново, која припаѓа на поголемата општина Капуџилар-Хортач, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пејзаново, каде спаѓа и новосоздаденото место Кранос, кое најчесто се смета за дел од него.

Наводи

Надворешни врски

Дијалектен текст од Пејзаново (Киречќој), стр. 293-294 — Истражувачки центар за ареална лингвистика при МАНУ

Категорија:Градови во Егејска Македонија Категорија:Капуџилар-Хортач