Сарбегово или Асарбегово (, Дросеро; до 1927 г. Ασιάρ Βέη, Асјар ВеиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ασιάρ Βέη -- Δροσερόν) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 391 жители (2021), од кои една третина се Македонци, а останатите — грчки дојденци. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци, од кои Македонците имале двотретинско мнозинство.

Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 10 км северно од Кадиново и 19 км од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство На почетокот на XX век Сарбегово било село во Ениџевардарската Каза. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во XIX век. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сарбегово броело 300 Македонци и 100 Турци.

Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. селото (Сар бегово) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Сарбегово (Sarbegovo) имало 360 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.

Во овој период меѓу Македонците во селото работела бугарската пропаганда. Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев напишал во 1909 г. за селото:

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 60 македонски и 30 турски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 422 жители, кои во 1920 г. биле 439. Во 1920-тите турското население на Сарбегово е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од село Тајфири (Тајфурќој) во Источна Тракија и Ираклио, Никомидиско во Мала Азија. Во 1925 г. дошле и извесен број Власи,Сарбегово на порталот на поранешната Општина Александар Велики а во Бугарија заминале 58 македонски жители. Во 1927 г. селото е преименувано во Дросеро, што значи „свежо“. Според Тодор Симовски, во 1928 г. селото имало 636 жители, од кои вкупно 289 грчки доселеници и неколку влашки семејства, а останатите биле Македонци.Грчкиот попис од истата 1928 г. погрешно го дава Сарбегово како чисто дојденско село до 264 жители (75 семејства). Погл. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928 За време на Граѓанската војна во февруари 1946 г. селото е напуштено. На 3 јули 1947 г. е изгорено целото село, со исклучок на десетина куќи и црквата. Жителите на Сарбегово се вратиле во 1950 г. но следната година не се попишани, веројатно поради сè уште нејасната ситуација.

По војните, населението почнало постепено да се смалува во однос на претходно и тој тренд трае до денес.

Население

Стопанство Сарбегово е доста богато село. Се одгледуваат овошје, жито и памук, а делумно се прават и сточарски преработки.

Поврзано Црква „Св. Ѓорѓи“ - Сарбегово Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол