Битуша или Битушесо варијантите Витоша или Витуша според Симовски (, Парорио; до 1926 г. Μπίτουσα или Μπιτούσα, БитусаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπιτούσα -- Παρόρειον) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 23 жители (2011).

Географија и местоположба Селото се наоѓа 10 км севрозападно од Лерин и 2 км северозападно. Лежи на подножјето на планината Пелистер, во близина на границата со Р. Македонија, на надморска височина од 670 м. Атарот зафаќа површина од

Историја Стефан Верковиќ во втората половина на XIX век завел 80 македонски семејства. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Битоше било село во Битолската Каза со 580 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236. Сите жители на Битуша биле под црховенството на Цариградската патријаршија. Според податоци на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото има 320 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 166-167.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Битуша се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.

Населението активно учествувало во борбата на ВМОРО против османлиската власт. Во Илинденското востание селото е ограбено и запалено од османлиската војска, а убиени се 25 жени и деца. Во октомври 1905 г. Битуша нападната од андартската чета на Николаос Цолакис, при што се убиени 15 Македонци, а други 5 се претепани.

Со Букурешкиот договор в 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 482 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал дека селото имало 100 македонски куќи. Во 1926 г. селото е преименувано во Парорион. Во селото постоела традиција на иселување уште пред Втората светска војна, кога се иселиле 40 жители. Во 1928 г. се зведени 490 жители, а истата бројка е забележана и во 1940 г. Битуша не настрадала значајно во Граѓанската војна, и само мал број луѓе пребегнале во Р. Македонија и источноевропските земји. Во 1950-тите години иселувањето се засилило, па така бројот на населението опаднал на 318 жители во 1961 и само 92 жители во 1971 г. Бројот продолжил да се намалува во следните децении.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Битуша, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство Жителите претежно се занимаваат со земјоделство, а делумно и со сточарство.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Димитриј“ од 1837 г.

Личности мини|десно|180п|Стојан Донски Стојан Донски (1869-1904) — македонски револуционер, битолски околиски војвода на ВМОРО Наум (Ναούμ) — гркомански андартски деец, помошник на капетанот КаравитисΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 173. Попилиев (Παπαηλίας) — гркомански андартски деец, информатор на капетанот Каравитис

Наводи