Оливера Николова (Скопје, - Скопје, ) — македонска писателка за возрасни и за деца. Таа била една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.
Животопис Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Нејзин сопруг е поетот и писател Цане Андреевски.
Починала на 3 ноември 2024 во Скопје.
Творештво Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.
Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви. Оливера Николова е писателка која сака секогаш да биде нова, која ја истражува и формата, но која пред сè, реагира на животот и на новините кои се случуваат во него менувајќи го сензибилитетот на современото дете.Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 129.
И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност - Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година, таа ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година, таа повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година, за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 131.
Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа била номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“.„Куќичка“ на Николова во трка за „Балканика“, Дневник, година XVI, број 4 998, петок, 26 октомври 2012, стр. 21. Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објавила избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, како и „Роман на годината“ на „Утрински весник“.ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 9. Во февруари 2016 година, за романот „Кадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година.Милена Атанасоска Манасиева, „Децата денес не читаат доволно“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 19. Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.„На српски преведен романот „Куќичка“ на Оливера Николова“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 19.
Дела Николова објавила голем број книги, како: Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 130-131. Роберт Алаѓозовски, „Кога розовото ќе зацрвени до мрак“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 101. „Белешка за авторот“, во: Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 96. Зоки Поки (проза за деца, 1963) Ден за летување (раскази, 1964) Тајната на жолтото куферче (роман за деца, 1965) Земјата во која никогаш не се стигнува (повест за деца, 1965) Земја во која не се стигнува (театарска игра за деца, 1968) Зимски детективи (роман за деца и млади, 1972) Пријателите Бон и Бона (роман за деца, 1974) Сребрено јаболко (комедија, 1975) Чук, чук, Стојанче (пиеса за деца, 1976) Мојот звук (роман за деца и млади, 1977) Тесна врата (роман, 1983) Тажниот весел Владимир (проза за деца, 1984) Умна глава (пиеса за деца, 1984) Девојките на Марко (роман за деца и млади, 1987) Сакам, нејќам (сликовница, 1987) - заедно со Драган Митровски А, Б, В... (сликовница за деца, 1987) - заедно со Дарко Марковиќ Љубоболки (роман за деца и млади, 1988) Домашни задачи (роман, 1989) Камерата на Борис (проза за млади, 1989) Преминот не е осветлен (роман за млади, 1990) Шифри на каменот (роман за млади, 1993) Бели стапки (роман за млади, 1993) Тромбот (роман, 1996) Светлосна година (роман за деца, 1998) Адамовото ребро (роман, 1999) Вежби за Ибн Пајко (роман, 2000) Позната учителка (роман, 2002) Куклите на Росица (роман, 2004) Лева комора (раскази, 2008) Белиот чад (роман, 2009) Куќичка (роман, 2012) Кадифената покривка (роман, 2015) Пешаци по црни полиња (роман, 2017) Песот со тажен поглед (роман, 2019)
Награди РТВ Скопје на СВП Младо поколение Змаева награда Награда „Стале Попов“ Награда „Рациново признание“, 2000 Роман на годината на Утрински весник за 2004 и 2019 година Орден за заслуги за Македонија во 2024 година
Значење и влијание „Книжевна причесна“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 389-390. „Мојата зграда во нејзиниот двор“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 429.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија