Нагоре () — американски анимиран филм од 2009 продуциран од Pixar, и дистрибуиран од страна на Walt Disney Pictures. Овој филм за првпат беше прикажан во кино салите низ Северна Америка на 29 мај 2009, а во Обединетото Кралство на 9 октомври 2009. Овој филм беше и првиот анимиран филм кој го отворил Канскиот филмски фестивал.

Нагоре е вториот филм режиран од страна на Питер Доктер по анимираниот филм од 2001, Чудовишта. Нагоре е десеттиот долгометражен филм продуциран од студиото Пиксар, и првиот во кој се користи новата „Disney Digital 3-D“ технологија. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат глумците Едвард Аснер, Кристофер Пламер, Боб Петерсон, и Џордан Нагаи.

Филмот ги следи авантурите на еден намуртен стар човек по име Карл Фредриксен и еден млад природен истражител по име Расел. Тие летаат низ Јужна Америка со куќа на која се заврзани илјадници балони со хелиум. Филмот беше позитивно прифатен од страна на публиката и критичарите и има зачудувачки рејтинг од 98% на мрежното место Rotten Tomatoes.

Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови на Disney и Pixar Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски 3D-филмови