Александар Прокопиев (, ) — македонски прозаист, раскажувач, есеист и поет.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 218.
Животопис Тој бил оден во Скопје, на 24 февруари 1953 година. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на книжевноста. Тој работел во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.
Тој е сновоположник на постмодернизмот во современата македонска книжевност.
Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.
Член е на Независните писатели на Македонија.
Творештво Прокопиев е автор на следниве дела: „Младиот мајстор на играта“ (раскази), 1983 „…или…“ (раскази), 1987 „Пловидба кон Југ“ (раскази), 1988 „Слово за змијата“ (раскази), 1992 „Ars amatoria“ (раскази), 1998 „Слика тркало“ (хаику), 1998 „Дали Калимах беше постмодернист?“ (есеи), 1994 „Патување на сказната“ (есеи), 1996 „Антиупатства за лична употреба“, 1996/2000 „Постмодерен Вавилон“ (есеи), 2000 „Човекот со четири часовници“ (раскази), 2003 „Борхес и компјутерот“ (есеи), 2005 „Ѕиркачот“ (новела), 2007 „Човечулец: бајки од левиот џеб“, 2011 „Делфин“ (раскази), 2018 „Синот-риба“ (раскази), 2020 „Љубовни аматери“ (раскази), 2021
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 115-118.
Награди
Добитник на книжевната награда „Балканика“ за 2010 година, за книгата „Човечулец“. Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји: Здравка Евтимова од Бугарија, Дејан Стоиљковиќ од Србија, Мира Мекси од Албанија, Христос Економу од Грција, Ома Станеску од Романија и турската писателка Асли Ердоган. Номиниран за книжевната награда „Балканика“ во 2007 година, за новелата „Ѕиркачот“.
Наводи
Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски автори на стрипови Категорија:Југословенски поети Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет