Сервет Авзиу (алб. Servet Avziu; Мала Речица ) — македонски политички деец, новинар и стопанственик.

Животопис

Авзиу е роден во тетовското село Мала Речица на 1 октомври 1946 година. Завршил Земјоделско-шумарски факултет во Скопје во 1969 година. Бил член и секретар за земјоделство во Извршниот совет на Собранието на Општината Тетово и директор на Центарот за унапредување на поединечното земјоделство во Тетово. Извесно време бил новинар во РТВ Скопје и раководител на Претставништвото на ОП „Еренику комерц“– Скопје во Тетово, а потоа (како кандидат на ПДП-НДП) министер без ресор во Владата на Македонија од 1992 година. Бил и амбасадор во Хрватска.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Мала Речица Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Амбасадори на Македонија во Хрватска Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“