Софре Ѓорѓевски (Радиовце, Тетовско, ? – ?, 1963) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација
Животопис
Ѓорѓевски е роден во тетовското село Радиовце. Тој бил еден од првите членови на Македонската револуционерна организација во Тетовско, војвода на чета (со решение на Тетовскиот местен комитет), која дејствувала во подрачјето на планината Сува Гора во Тетовско и Гостиварско. Учесник е во Илинденското востание, во борбите во Кичево. Во тетовските провали, тој бил уапсен и затворен во Куршумли ан во Скопје (1905–1908). Носител е на Илинденска споменица.
Наводи
Категорија:Луѓе од Радиовце Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1963 година Категорија:Починати во Македонија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Отомански Македонци Категорија:Отомански дисиденти Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Отомански затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Отоманското Царство Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Носители на Илинденска споменица