Тахир Кадриу (албански: Tahir Kadriu) — македонски економист и политичар од албанско потекло. Роден е на во Тетово, Македонија. Завршил Економски факултет. Бил претседател на Околискиот комитет на Сојузот на младината, член на Околискиот комитет на СКМ и потпретседател на Собранието на општина Тетово. Исто така, бил член на ЦК на СКМ и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ, пратеник во Соборот на народите и пратеник во Општествено-политичкиот собор на Собранието на СФРЈ.
Наводи
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски Албанци