Симеон Гугуловски ( - ) — истакнат македонски оперски тенор и пејач на македонски родољубиви и револуционерни песни. Изведувал и разни забавни мелодии.

Рана младост и образование Роден е во 1941 г. во Солун, Егејска Македонија, во галичко печалбарско семејство, кое потоа се сели во Скопје. По завршувањето на основното образование, се запишал на Средното музичко улилиште, а навечер настапувал во познатата кафеана „Кермес“.

Студии и кариера во Словенија По третата година музичко образование, Гугуловски заминал во Љубљана, каде го завршил одделот за пеење кај проф. Ксенија Новшак-Ховшка. Студирал на Педагошкиот факултет во Љубљана и работел како професор по музичко образование. Потоа, се запишал на Музичката академија во истиот град, магистрирајќи кај професорките Ксенија Новшак и Ондина Ота – Класинц.

Од 1973 до 1977 г. бил солист во Љубљанската опера.

Работа во Македонија Во 1978 г. преминува во Операта при МНТ во Скопје и таму работи до крајот на животот.

Починал во Софија, на 13 август 1995 г.

Улоги мини|десно|Омот од албум на Гугуловски од 1966 г. во издание на „Југотон“ Гугуловски исполнил преку 20 главни и многу споредни улоги во својата кариера од светското и домашното оперско творештво. Покрај настапите на разни места во Југославија, гостувал во повеќе странски земји, како Бугарија, Чешка, Италија, Германија, Полска, и Словачка.

Ова е поопширен список на улогите кои ги толкувал:

Странски

Дон Хосе во Кармен од Ж. Бизе Радамес во Аида од Џ. Верди Исмаел во Набуко од Џ. Верди Манрико во Трубадур од Џ. Верди Рикардо во Бал под маски од Џ. Верди Алфред Жермон во Травијата од Џ. Верди Дон Карлос во Дон Карлос од Џ. Верди Д-р Кајус во Фалстаф од Џ. Верди Туриду во Селска чест од П. Маскањи ? во Плашт од Џ. Пучини Филипето во Четири грубијани Е. Волф-Ферари Лоренцо Фра Дијаволо од Д. Обер Канио во Палјачи Р. Леонкавало Марио Каварадоси во Тоска од Џ. Пучини Пинкертон во Мадам Батерфлај од Џ. Пучини ? во Крунисувањето на Попеја од К. Монтеверди Полион во Норма од В. Белини Артур Бакло Лучија де Ламермур од Г. Доницети Вакула во Ноќ пред Божиќ од Н. Римски-Корсаков Иво во Рамноденица од М. Козина Д-р Франце Прешерн во Збогување од младоста од Д. Швара Фрањо во Горењски славчек од А. Форстер Миќа Еро во Еро од оној свет од Ј. Готовац Херман во Пикова дама од П.И. Чајковски Ленски во Евгениј Онегин П.И. Чајковски Вашек во Продадената невеста Б. Сметана

Македонски Никола Карев во Илинден од К. Македонски Василиј II во Цар Самуил од К. Македонски Дамјан во Бразда од Б. Трајков Кузман Капидан во Кузман Капидан од Т. Прокопиев Митре Поморјанче во Болен Дојчин од Р. Аврамовски

Вокалистички настапи Гугуловски настапувал и како вокалист на разни ораториуми:

Катули Кармина од К. Орф Реквием од Џ. Верди

Наводи

Надворешни врски Дискографија на Симеон Гугуловски — ВБУ Музички регистар

Категорија:Македонски тенори Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Македонски пејачи Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Луѓе со потекло од Галичник