мини|Август, од молитвеникот на војводата од Бери, 15 век Август или житар — осмиот месец во годината според грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.

Август како тема во уметноста и во популарната култура „Дваесет и петти август 1983 година“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016, стр. 7-17. „Духови во Август“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008. „Август“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 33. „На пладнина во август“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 216. „Август“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 96. „Август“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 5-12. „Рапсодија во Август“ (јапонски: 八月の狂詩曲) - јапонски игран филм од 1991 година, во режија на Акира Куросава.Антена, број 823, 4.4.2014, стр. 22.

Наводи

Категорија:Месеци