Египетски јазик — античкиот староседелски јазик на Египет кој е дел од групата на афроазиски јазици. Првите запишани мисли и зборови на египетски јазик датираат уште од 3400 п.н.е. што го прави еден од најстарите познати запишани јазици.
Египетскиот јазик бил зборуван до 17 век во новоразвиената форма наречена коптички јазик. Денешниот национален јазик на Египет е египетски арапски јазик, кој постепено со текот на времето го заменил коптичкиот јазик во секојдневната употреба. Таа замена започнала со муслиманското освојување на Египет. Коптичкиот јазик и денес се користи, но како литургиски јазик во Коптичката црква. Овој јазик активно го зборува многу мал број на население, скоро сите зборуваат египетски арапски јазик.
Периодизација
Јазичарите и научниците го делат, или го подредуваат јазикот хронолошки на 6 различни периоди, и тоа:
Архаичен египетски јазик (пред 2600 п.н.е., јазикот на раната династија), Стар египетски јазик (2600 п.н.е. – 2000 п.н.е., јазикот на Старото Кралство), Средноегипетски јазик (2000 п.н.е. – 1300 п.н.е., Средното кралство па сè до периофот на Амарна; продолжил како литературен јазик во 4 век), Доцноегипетски јазик (1300 п.н.е. – 700 п.н.е.), Демотски јазик (7 век п.н.е. – 5 век, Доцниот период па сè до Римското Царство) Коптски јазик (1 век – 17 век, рана Римско Царство до денес).
Поврзано Египетски хиероглифи Стара египетска литература Египетски броеви Демотски јазик Коптски јазик
Наводи
Категорија:Мртви јазици во Африка