Стефани Џоан Анџелина Германота (; родена 28 март 1986), позната по сценското име Лејди Гага (англ. Lady Gaga) — американска поп-пејачка, текстописец и глумица. Таа е влијателна фигура во популарната музика и се смета за поп-икона.

Во 2007 година потпишала договор со Интерскоп Рекордс, а светска популарност стекнува со нејзиниот прв студиски албум, „Славата“ (2008), и со неговото реиздание „Чудовиште на славата“ (2009). Овој проект исфрлил низа успешни синглови: „Just Dance“ (Само играј), „Poker Face“ (Покер лице), „Bad Romance“ (Лоша романса), „Telephone“ (Телефон) и „Alejandro“ (Алехандро). Следните пет студиски албуми од Лејди Гага дебитирале на врвот на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Нејзиниот втор албум, „Родена ваква“ (2011), содржел елементи на електронски рок и техно-поп, а насловната песна наскоро станала најбрзо продавана песна на АјТјунс продавницата; имала над еден милион преземања за помалку од една недела.

По третиот албум АРТПОП (2013), кој бил под влијание на електронска денс-музика и чијшто најпознат сингл е „Applause“ (Аплауз), Лејди Гага со Тони Бенет го издала заедничкиот џез-албум Образ на образ (2014), а потоа софт-рок албумот Џоен (2016), со сингловите „Perfect Illusion“ (Совршена илузија), „John Wayne“ (Џон Вејн), „Million Reasons“ (Mилион причини). Започнала со глума и освоила награди за главните улоги во мини-серијата Американска хорор приказна: Хотел (2015–2016) и во музичкиот филм Ѕвездата е родена (2018). Придонела за саундтракот на филмот Ѕвездата е родена, а меѓу другите го напишала и го продуцирала наградуваниот сингл „Shallow“ (Плитко) со кој станала прва жена која освоила Оскар, БАФТА, Златен глобус и Греми во една година. Гага се вратила кон денс-поп стилот со нејзиниот шести студиски албум, Кроматика (2020), кој исфрлил уште еден сингл, „Rain on Me“ (Врни на мене), кој се искачил на врвот на топ-листите и го издала нејзиниот втор и последен заеднички албум со Бенет, Љубов на продажба (2021). Потоа глумела главни улоги во филмовите Династијата на Гучи (House of Gucci) (2021) и Џокер: Лудило во двојка (2024) од кој забележала уште еден хит на прво место на Билобордовата Светска топ-200 листа, „Die with a Smile“ (Умри со насмевка) (2024). На почетокот на 2025 година, таа започнува со најавување на својот седми студиски албум „Мејхем“ (Хаос), со сингловите „Disease“ (Зараза) и „Abracadabra“ (Абракадабра).

Со продадени преку 170милиони музички записи, Гага се вбројува меѓу музичарите со најголема продажба во светот и е единствена соло-пејачка која имала четири синглови продадени во барем 10милиони примероци на светско ниво. Освоила: 13 Греми-награди, две награди „Златен глобус“, 18 видеомузички награди од MTV, добила награди од Куќата на славата на текстописците и од Советот на модни дизајнери на Америка и признанија од Билборд за музичар на годината (2010) и жена на годината (2015). Во 2010 и 2019 година Тајм ја вметнал Гага меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот и ја ставил на нивната листа од 100 модни икони на сите времиња.

Ран живот (1986 2004) Стефани Германота е родена на 28 март 1986 година,Birth details:

како прво дете на италијанските родители кои се преселиле во Америка, Џозеф и Синтија Германота (моминско Бисет),Family background details:

во Њујорк. Свирејќи пијано по слух уште од четири години, таа продолжува со тоа што ја напишува својата прва пијано балада на тринаесет и започнува да изведува на отворените вечери на четиринаесет годиншна возраст. На единаесет години, пејачката требало да се придружи на училиштето „Џулијард“ во Менхетен, но наместо тоа таа се придружила во „Манастирот на Светото Срце“, приватно римокатоличко училиште. Таа се опишува себеси во средно училиште како „многу посветена, многу трудољубива, многу дисциплинирана“ но исто така „малку несигурна“ како што кажа во едно интервју: „Имав обичај да правам забавни работи со тоа што бев или премногу провокативна или премногу ексцентрична, па почнав да го потиснувам тоа. Не се вклопував во средината и се чувствував како наказа.“ На седумнаесет години, Германота добива ран прием на Универзитетот во Њујорк во одделот за уметности. Таму, таа ја изучувала музиката и ги развивала своите вештини во пишувањето текстови со композирање на есеи и аналитички текстови, фокусирајќи се на теми како што е уметноста, религијата, социјалните проблеи и политиката. Подоцна таа се повлекува од училиштето за да и се посвети на нејзината музичка кариера.

Започнување на кариерата (2005 2007) thumb|Гага (десно) изведува со Лејди Старлајт (лево) на Лолапалуза, 2007 Германота во почетокот потпишала договор со Def Jam Recordings на деветнаесет годишна возраст, кога директорот на Island Def Jam Music Group и L. A. Reid ја слушнал како пее во ходникот пред неговата канцеларија. По три месеци, таа излегла од Def Jam, иако во исто време, нејзината поранешна менаџмент компанија ја запознала со текстописецот и продуцентот RedOne, на кои исто така му биле менаџери. Првата песна која таа ја продуцираше со RedOne беше „Boys Boys Boys“ (Момчиња момчиња момчиња), мешавина инспирирана од песната „Girls, Girls, Girls“ (Девојки, девојки, девојки) на Mötley Crüe и „T.N.T.“ (Т.Н.Т) на AC/DC. Таа се иселила од куќата на своите родители и започнала да изведува во центарот на клуб сцената на Lower East Side, со бендовите Mackin Pulsifer и SGBand. Наскоро таа почнува да изведува на булрескни шоуа. Таа вели дека тоа нејзиниот татко „едноставно не го разбирал“, и дека не можел да ја погледна неколку месеци. Музичкиот продуцент Rob Fusari, кој и помогнал да напише неколку од нејзините рани песни, го споредил нејзиниот гласовен стил со оној на Freddie Mercury. Fusari и помогнал да го создава псевдонимот Гага, по песната на Queen, „Radio Ga Ga“ (Радио Га Га). пејачката била во процес на барање на сценско име, кога добила SMS порака од Fusari на која едноставно пишувало „Lady Gaga“.

„Секој ден кога Стеф доаѓаше во студиото, наместо да рече ‘здраво’, таа почнуваше да ја пее ‘Radio Ga Ga’. Тоа беше нејзината песна за влегување. Lady Gaga всушност беше грешка; јас напишав ‘Radio Ga Ga’ во пораката и отидов на автокорекција и некако Radio се смени во Lady. Таа ми пиша назад, ‘Тоа е тоа’. Од тој ден, таа беше Лејди Гага. Ни кажа: ‘Немој никогаш повеќе да ме викате Стефани’.“ - Rob Fusari

Од тогаш таа е позната како Лејди Гага. Низ 2007 година, таа соработувала со изведувач артистот Lady Starlight, која и помогнала да ги создаде своите костуми за на сцената. Тие две започнале да свираат на свирки во клубови во центарот како што се Mercury Lounge, The Bitter End и Rockwood Music Hall, со изведување во живо на нивното уметничко парче познато како Lady Gaga and Starlight Revue (Ревијата на Лејди Гага и Старлајт). Оценета како „Врвно Поп Бурлескно Рок-шоу“, нивниот акт беше лоу-фи признавање на мноштвото акти од седумдесеттите. Во август 2007 година, таа и Lady Starlight биле поканети да играат на американскиот музички фестивал Lollapalooza. Шоуто беше критички потврдено, и нивниот настап доби високи позитивни критики. Иако во почетокот се фукусираше на авангардата и електонската денс музика, Лејди Гага го најде своето музичко ниче кога почна да работи со поп мелодии и глам-рокот на David Bowie и Queen во микс. За тоа време таа била придружник во неколку песни во две аудио книги и беше спремна да оди со детската книга „The Portal in the Park“ (Преминот во паркот) од Cricket Casey. Таа пееше заедно со Melle Mel на песните „World Family Tree“ (Светско семејно дрво) и „The Fountain Of Truth“ (Фонтаната на вистината). Rob Fusari испратил песни кој тој ги продуцирал со неа на неговиот пријател, продуцент и извршен симател, Vincent Herbert. Herbert бил брз и ја пријавил во Streamline Records, отисок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. Таа го назначи Herbert како човекот кој ја открил, додека додава дека „Навистина се чувствувам како да создадовме поп историја и ќе продолжиме со тоа“. Бидејќи веќе имала одредено искуство во пишување под стаж на Famous Music Publishing, што подоцна беше стекнато од страна на Sony/ATV Music Publishing, со таа потоа потпиша договор за издавање музика со Sony/ATV. Како резултат на тоа, таа беше најмена да пишува песни за Britney Spears, како и за артистите на Interscope какви што се New Kids On The Block, Fergie и Pussycat Dolls. Додека таа пишувала во Interscope, пејачот и текстописец Akon ги препознал нејзините гласовни способности додека таа пеела гласовно повикување за една од неговите песни во студиото. Тогаш тој го убедил директорот на Interscope-Geffen-A&M и директорот на СЕО Jimmy Iovine да формираат споен договор и да и дадат неа исто така што се пријави под неговата ознака, Kon Live Distribution, и подоцна ќе ја нарече неа негов „франшиза играч“. Таа ја продолжи својата соработка со RedOne со тоа што работеше со него во студиото цела недела на нејзиниот деби албум, пуштајќи ги деби меѓународните хит синглови „Just Dance“ (Само танцувај) и „Poker Face“ (Покерско лице). Таа исто така се придружи и на Cherrytree Records, отисок на Interscope основан од продуцентот и текстописец Martin Kierszenbaum, откако напишала четири песни со Kierszenbaum, вклучувајќи го и сигнлот Eh, Eh (Nothing Else I Can Say) (Е, Е (Ништо друго не можам да кажам)).

The Fame (Славата) и The Fame Monster (Чудовиште на славата) (2008) До 2008 година, Гага се пресели во Лос Анџелес, работејќи потесно со својата снимачка ознака за да го заврши својот деби албум The Fame (Славата). Таа вели дека комбинирала многу различни жанрови во албумот, „од Def Leppard тапани и плескање со рака, до метал тапани од урбани песни“. Таа почнува да работи со колектив наречен Haus of Gaga, кои работат со неа на нејзината облека, поставувањето на сцената и звукот. The Fame (Славата) доби претежно позитивни критики од критичарите; според анкетата од критичарите на музика во Metacritic, албумот добил просечна оценка 71 од 100 можни. Times Online го опиша албумот како „фантастичен микс од Bowie-чки балади, драматично темпо инспирирано од Queen и бројни синт-засновани денс песни што си играат мајтап со богатите деца кои ги прогонуваат ѕвездите“. The Fame (Славата) се искачи на прво место во Австрија, Обединетото Кралство, Канада и Ирска и во првите пет во Австралија и Соединетите Американски Држави. Водечкиот сингл на албумот, „Just Dance“ (Само танцувај), беше објавен на 8 април 2008 година и се искачи на првото место во шест држави – Австралија, Канада, Холандија, Ирска, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Доби Греми номинации за Најдобра Денс Песна, но изгуби наспроти „Harder, Better, Faster, Stronger“ (Посилно, подобро, побрзо, посилно) од Daft Punk. Вториот сингл, „Poker Face“ (Покерско лице), беше објавен на 23 септември 2008 година и стигна на првото место во речиси дваесет држави, вклучувајќи ги и речиси сите огромни музички маркети во светот. „Poker Face“ (Покерско лице) стана нејзиниот втор број еден хит на Billboard Hot 100 во април 2009 година. Потоа, Haus of Gaga го сврте својот фокус подалеку на америкаскиот маркет со тоа што Гага отиде на првата турнеја со дружељубива поп група на Interscope, реформираните New Kids On The Block. Таа го започна ограниченото патување со нив во Лос Анџелес на 8 октомври 2008, и продолжи до крајот на ноември. Нејзината прва северноамериканска турнеја, The Fame Ball Tour (Турнеја Бал на Славата), започна на 12 март 2009 година, и доби позитивен поздрав и одзив од критичарите. Таа ја отвори турнејата на Pussycat Dolls во Обединетото Кралство и во Австралија на нивната World Domination Tour (Турнеја Доминација над Светот) во мај. Нејзините настапи таму беа добро прифатени, со критичар кој напиша дека таа „ги засенила Куклите“. Во тоа време, музичкото видео за нејзиниот меѓународен трет сингл, „LoveGame“ (ЉубовнаИгра), беше забрането од страна на австралискиот канал Network Ten, кои одбија да го пуштат видеото поради тоа што содржело сексуално експлицитни снимки.