Роберт Даглас Томас Патинсон () (роден ) — англиски глумец, манекен и музичар.
Ран живот Патинсон е роден во Лондон, Англија. Неговата мајка, Клер, работела во модна агенција, додека пак неговиот татко, Ричард, увезувал старомодни автомобили од САД.Robert Pattinson До својата тринаесетта година учел во музичкото училиште Tower House во Лондон, а потоа своето образование го продолжил во елитното приватно училиште Harrodiаn School. Се приклучил во аматерски театар преку Barnes Theatre Company. Откако се здобил со некое искуство, започнал со глумечки улоги. Го привлекол вниманието на глумечки агент за време на продукцијата на Tess of the D'Urbervilles и започнал со барање на професионални улоги. Оттогаш има изведувано во аматерска верзија на Магбет, а и се обидел и со манекенство. Патинсон има две постари сестри.
Кариера Манекенство Со манекенството Патинсон почнал да се занимана на дванаесет годишна возраст, но се престанал четири години подоцна, за што тој вели дека виновен за неговиот неуспех како модел бил неговиот недоволно маженствен изглед.
Патинсон објаснува во декември 2008, „Кога првпат започнав, бев доста висок и изгледав како девојче, поради што се здобив со доста работи, бидејќи тогаш беше период кога во мода беа андрогините личности. Потоа, претпоставувам, станав премногу машки, поради што престанав да се здобивам со работи. Ја имав најнеуспешната манекенска кариера.“
Патинсон се појави во рекламна кампања за есенската колекција за 2007 на Hackett.
Глума
Музика Роберт свири на гитара и пијано и компонира своја музика. Негови две песни „Never Thing“ и „Let Me Sing“ во кои исто така пее можат да се чујат во филмот Самрак.
Наводи
Категорија:Англиски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Англиски филмски глумци