Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Малоречкиот манастир во тетовското село Мала Речица, Македонија.

Во своето постоење била двапати рушена и еднаш запалена. Последен пат е запалена во 2001 година на самиот ден пред патрониот празник на црквата, Свети Ѓорѓи.Ламјата ја уби довербата, а не свети Ѓорѓија - Коментар од весникот „Дневник“

Местоположба

Црквата се наоѓа во подножјето на Шар Планина, над последните куќи во селото Мала Речица, во непосредна близина на градот Тетово.

Историја

мини|300п|десно|Остатоци од црквата по налетот на албанските терористи

Местото на кое се наоѓа манастирот претставува еден вид на стара населба која е рамнинска, на надморска височина од 490 метри. Во наоѓалиштето на кој се наоѓа манастирот, според историските податоци, населби со православно македонско население имало уште од 11 век, а се споменува дека постоеле 16 цркви и манастири. За поголем дел од нив нема материјални траги на лице место, бидејќи се разурнати со доаѓањето на Албанците од планинските делови на Албанија на овие простори. Постојат остатоци од црквите „Света Недела“, „Света Богородица“ и „Свети Атанасиј“ во селата Голема и Мала Речица.

Црквата „Свети Ѓорѓи“ како православно светилиште, според црковните книги се споменува уште во 13 век и дека бил подигнат на црква од 6 век, додека фрескоживописите потекнуваат од 14 век. За време на турското владеење, црквата била во два наврати уништувана.

Во 1920 година биле вршени ископувања и биле пронајдени темелите на старата црква. Во 1936 година врз темелите на старата црква била возобновена денешната црква, од ктиторот Ѓоце Митрушевски, трговец од Тетово. По смртта на ктиторот, за манастирот и неговото одржување, се грижел неговиот син Круме, заедно со многу родољубиви и чесни христијани. Црквата по Втората светска војна била во лоша состојба.

Според археолошките истражувања на Петар Миљковиќ-Пепек од 1967 година, на остатоците од старата црква, пронајдени се остатоци од фрески како и темели кои датираат од 14 век. Тоа е значаен факт кој потврдува дека станува збор за вреден споменик на културата, не само во тетовската област, туку воопшто во историјата на византиската уметност. Тогаш остатоците од фреските се однесени на конзервација во музејот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, каде е утврдена нивната старост.

До март 2001 година манастирскиот комплекс опстојувал мирно и не бил загрозуван од албанското население, со исклучок на поедини незначителни инциденти. Таков е случајот во 1955 година, кога внуците на Рамадани Шазо, од село Мала Речица кои преку ноќ доаѓале во црквата и му се заканувале на чуварот дека ќе го убијат под изговор дека им е „партиска должност“ да го избркаат чуварот и да го разурнат манастирот.

Настани од 2001 и опожарување на црквата

Со почетокот на конфликтот од 2001, во март 2001 година, црквата и манастирот биле оштетувани во неколку наврати.

Според официјалните извори на Противпожарната служба од Тетово на ден 8 декември 2001 година добила повик од Албанец од Голема Речица во кој е пријавен пожарот. Официјално пожарот е подметнат од непознати лица. Пламенот ја зафатил црквата околу 19 часот и 30 минути и до темел изгореле ѕидовите, фреските, иконите, иконостасот и помошниот објект каде што била сместена кујната.Пожарот во црквата „Свети Ѓорѓија“ во манастирскиот комплекс во село Речица во тетовско е подметнат соопшти денеска владиното координативно тело за справување со кризи. - А1 Телевизија Пред опожарувањето, црквата и конаците биле ограбени и целосно демолирани. Во пожарот изгореле иконите, биле уништени фреските и целиот фрескоживопис, иконостасот, како и сите црковни предмети.

Следниот ден на 9 декември 2001 се случил уште еден вандалски акт во комплексот на храмот. Околу 10 часот непознати сторители го запалиле и внатрешниот дел на конакот, кој се наоѓа во непосредна близина на црквата. Сепак, пожарот бил спречен со интервенција на пожарникарите, така што оштетувањата биле значителни, но не и целосни.

Додека полицијата вршела увид на местото на настанот, околу комплексот се слушале поединечни истрели од огнено оружје.

Палењето на црквата предизвикал широк бран на осуди.Осуда за рушењето на црквата „Св. Ѓорѓија“ Во МПЦ и кај тетовското архијерејско намесништво постои иницијатива за возобнувување на манастирот.Секирата на раздорот треба да се закопа - Г. Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија за кризата, уништувањето на верските објекти...

Обнова

После пожарот на манастирскиот комплекс веднаш започнала иницијатива за возобновување на манастирот. Првите чекори се случиле во 2010 година, кога група од неколку локални Албанци започнале со иницијатива за изградба. Според месните жители, се смета дека повторната изградба на црквата ќе го разбиел „малерот“ - да се раѓаат деца со аномалии, за кој велат дека ги бие откако овој верски објект бил уништен. По седумгодишна обнова, манастирската црква била осветена на 8 октомври 2017 година.ПО 16 ГОДИНИ ОБНОВЕН ЗАПАЛЕНИОТ МАНАСТИР ВО МАЛА РЕЧИЦА

Архитектура

Старата црква била еднобродна базилика со средишна купола и надворешни пиластри. Имало уште една купола во олтарот на кој бил поставен крстот. Sидовите биле од камен.

Фрескоживопис

Обновената црква поседува фрескоживопис.

Икони и иконостас

Во внатрешноста на обновената црква се наоѓа мал дрвен иконостас.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Трета тетовска парохија Мала Речица

Наводи

Надворешни врски

Манастир Свети Ѓорѓи село Мала Речица Обнова на манастир со помош на Албанците

Попова Шапка Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија Категорија:Малоречки манастир