Рај (португалски јазик: Paraiso) е бразилска теленовела. Серијата е римејк на истоимената новела од Бенедито Руј Барбоса, која беше премиерно прикажувана во 1982 година. Во новата верзија адаптацијата ја извршува неговата ќерка, Едмара Барбоса. Дејство При едно патување во Баиа, Елеутерио купува оттаму интересен спомен: ѓавол скриен во жирафа. Кога неговата сопруга ќе почине при породувањето, селото ќе го обвини тој ѓавол за несреќата и нему ќе му го припише татковството на бебето.
Времето минува и детето расте. Младиот Жозе Елеутерио, попознат како Зека насекаде го нарекуваат „син на ѓаволот“. Зека е храбар авантурист, израснат по улици. Тој ја предизвикува смртта скротувајќи диви бикови и секаде каде што оди предизвикува воздишки кај девојките. Зека оди во Рио де Жанеиро и останува таму осум години на студии. Но титулата него не го интересира: се враќа на имотот на татка си. При едно диво јавање се среќава со слатката МаријаРита. Нивниот поглед беше доволен за да се роди нова љубовна приказна. Сосема спротивно на Зека, Марија Рита цел живот го поминала во манастир. Нејзината мајка е многу побожна поради што Марија Рита сите ја сметаат за „светица“. Но Марија Рита не го сака тоа и средбата со Зека само ќе го потврди тоа.
Ова е неверојатната љубовна приказна помеѓу „синот на ѓаволот“ Зе Елеутерио и „светицата“ Марија Рита“ во малиот град Рај.
Улоги Глумци Ликови Ериберто Леао Жозе Елеутерио (Зека)Наталија Дил Марија РитаМауро Мендонса Антеро ГодоиКасиа Кис Маријана ГодоиВанеса Џакомо РосаАлександре Неро ТеренсиоСораја Равенле ХосефаКаду Молитерно Бертони Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Бразилски телевизиски серии Категорија:Теленовели