Асунсион (во превод „вознесение“, шпанско целосно име, La Muy Noble y Leal Ciudad de Nuestra Señora Santa Maria de la Asunción, кратко, Asunción; гварански: Paraguay) е главен и најголем град во Парагвај.

Областа наречена „Гран Асунсион“ ги вклучува градовите Сан Лоренсо, Фернандо де ла Мора, Ламбаре, Луке, Мариано Роке Алонсо, Њемби Сан Антонио, Лимпио, кои се дел од Централниот оддел. Во областа Голем Асунсион има повеќе од 1,9 милиони жители. Асунсион се наоѓа на 25 ° 16'S 57 ° 40'W (-25,2667, -57,6667). Општина Асунсион е регистрирана наберзата Асунсион, како BVPASA: MUA, уникатна одлика на секој град. Асунсион е дом на националната влада и индустриски и културен центар на земјата.

Демографија

Религија

Поголемиот дел од населението на Асунсион се следбеници на Римокатоличката црква. Сепак во градот постојат оратории и верски објекти и на останати малцински религиски групации, како што се Мормоните, Будистите, Евреите и други. Во последните години се појавиле и атеистички и агностички движења.

Јазик

Најголем јазик во Асунсион е шпанскиот јазик, кој го зборуваат околу 56.9% од целокупното население на градот. Втор најголем јазик во градот е гваранскиот јазик, кој го зборуваат околу 11.1% од населението. Околу 27.4% од асунсионското население зборува на хопара, јазична мешавина (пиџин) од шпански и гварански. Околу 4.5% од населението зборуваат на друг јазик.http://www.dgeec.gov.py/

Население Асунсуон има население од околу 540.000 жители. Околу 30% од населението на Парагвај, кео брои нешто околу 6 милиони, живее во метрополитенската област Голем Асунсион. 65% од вкупното градско населеие на Асунсион е под 30 години.

Населението на градот се зголемило во последните неколку декади, како последица на внатрешната миграција во Парагвај, односно доселување на луѓе од внатрешноста на Парагвај во Асунсион и регионот. Првичното доселување на население било како последица на екононмскиот развој во 1970-те години, а подоцна како резултат на економската рецесија во внатрешноста на Парагвај. Така, со тек на времето се развила метрополитенската област Асунсион, која покрај Асунсион ги вклучува и градовите: Капијата, Луке, Сан Лоренсо, Лимпио, Њемби, Ламбаре, Итаугва, Фернандо де ла Мора, Вилја Елиса, Маријано Роке Алонсо и Сан Антонио. Овие градови во апсорбирале новото доселено население поради ниските цени на земјиштето и лесната достапност на Асунсион.

Асунсион бил означен како најевтин град за живеење од страна на Консалтингот за човекови рерсурси Мерсер.

Структура на населението на Асунсион по возраст и пол. возрастнаселение (попис 2002)мажижени0 до 4 г.45 38223 05822 3745 до 9 г.46 12023 33022 32410 до 14 г.46 27222 98523 28715 до 29 г.155.67571 88583 79030 до 59 г.164 36775 87188 49660 и повеќе год.54 29621 68632 610вкупно512 112238 815273 297

<center> Демографски развој на Асунсион.http://estadisticas.mca.gov.py/wp-content/uploads/2010/05/C00104_cm.jpg

Административна поделба

Окрузи Асунсион, административно, е поделен на шест окрузи:

Окрузи во АсунсионЗона 13Ла ЕнкарнасионЛа КатедралЛа Реколета Сантисима ТринидадСан Роке

Соседства Шесте окрузи на Асунсион се поделени на 70 соседства:

соседствонаселение (2002)соседствонаселение (2002)соседствонаселение (2002)соседствонаселение (2002)1. Ита Енрамада484524. Семинарио507047. Пиноза662170. Марискал Лопес50252. Санта Ана577525. Виста Алегре12 61148. Хара13 5543. Бањадо Санта Ана837426. Панамби Рета238649. Банко Сан Мигел9534. Роберто Л. Петит20 20127. Панамби Вера259150. Таблада Нуева65735. Републикано842928. Сан Пабло21 78751. Вирхен дел Уерто48096. Пиризал402229. Терминал430552. Вирхен де ла Асунсион99837. Сан Висенте15 41230. Иподромо834853. Бела Виста66578. Бањадо Такумбу10 95831. Назарет713354. Санто Доминго25919. Обреро19 82332. Вилја Аурелија987155. Кањада дел Ибарај316610. Такумбу13 36633. Лос Лаурелес351756. Лас Ломас560411. Сахонија14 87334. Марискал Естигарибија771157. Мадам Линч858912. Ита Пита422535. Сан Кристобал661858. Салвадор дел Мундо388313. Сан Антонио954436. Ерера514959. Њу Гаузу134214. Д-р Франсија10 92537. Санта Марија459160. Мбокајати651215. Ла Енкарнасион492838. Итај305461. Мбурукуја837716. Каредрал367639. Сан Хорхе484462. Сантисима Тринидад451517. Хенерал Дијаз606840. Икуа Сати668763. Вирхен де Фатима606418. Петироси1138041. Манора189864. Сан Рафаел10 73219. Сан Роке635542. Вилја Мора411465. Ботанико998220. Рикардо Бругада10 45543. Реколета10 23066. Зебалјос Куе18 55321. Сан Фелипе567944. Тембетари351567. Лома Пита623122. Лас Мерседес482745. Мбурикао769168. Сан Блас365123. Сиудад Нуева858446. Хенерал Кабалјеро812869. Санта Роса3546

Збратимени градови Асунсион е збратимен со:

Росарио, Аргентина Ла Плата, Аргентина, Буено Аирес, Аргентина Формоса, Аргентина Кориентес, Аргентина Резистенсија, Аргентина Посадас, Аргентина Санта Фе, Аргентина Икике, Чиле Кампинас, Бразил Куритиба, Бразил Саун Пауло, Бразил Каракас, Венецуела, 1982Documento de declaración de hermanamiento entre las capitales latinoamericanas. Municipalidad de Madrid, URL último acceso el 18/11/2007. Трухиљо, Перу Санто Доминго, Доминиканска Република Чиба, Јапонија Мадрид, Шпанија Мајами, САД Тајпеј, Тајван Богота, Колумбија Санта Крус де ла Сиера, Боливија Мексико, Мексико Пуебла де Сарагоса, Мексико, 2009

Галерија

Наводи

Поврзано

Парагвај Градови во Парагвај

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на Општина Асунсион. Мрежно место на Асунсион: јужноамерикански главен град на културата за 2009 Време во Асунсион Генерална дирекција за статистика на Парагвај Информации за Асунсион Сателитски снимки на Асунсион Проекти во Асунсион, 2010/2011

Категорија:Градови во Парагвај * Категорија:Главни градови во Јужна Америка Категорија:Населени места основани во 1537 година