Разме Кумбароски (, – , ) — македонски поет, романописец, есеист и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 134 - 135.
Животопис Кумбароски е роден на 29 март 1944 година во Струга. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1980 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб. Заедно со Д. Дурацовска, тој бил основач на мултимедијалното списание за книжевност и уметност „Форма“. Работел како секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Тој станал член на ДПМ во 1987 година.
Книжевно творештво Разме Кумбароски е автор на поетските книги.: Зинда, 1982 Воден премин, 1984 Мусандра, 1988 Манастир, 1994 Троја, 1998 Потковица и зла месечина, 2003
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“