Цане (Александар) Здравковски ( во , Битолско — во Битола) — македонски раскажувач, романописец, критичар и драмски автор.
Животопис Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој бил доктор по филолошки науки. Работел во Педагошкиот завод во Скопје. Работниот век Александар Цане Здравковски го минал како професор во битолската гимназија и како самостоен педагошки советник во Педагошкиот завод при Министерството за образование во Скопје. Тој бил автор на 40 романи и на бројни трудови од областа на критиката и есеистиката. Тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година.
Автор е на книгите:
Дамка (роман, 1968), Откорнување (раскази, 1970), Синџир (роман, 1972), Драматичари (есеи и критики, 1973), Раскажувачи (критики, 1973), Големиот оган (критики, 1979), Дојденци на Хера (роман, 1980), Нарцисие (драма, 1983), Иван Точко (монографија, 1984), Огнено вишнеење (роман, 1984), Конзулски град (роман, 1987), Романот како опсесија (критики, 1987), Стела (роман, 1991), Лудиот пасторел (роман, 1992), Македонски романописци (критики, 1992), Ататурк пророк (роман, 1993), Романот во наставата (критики, 1993), Растежот на македонскиот роман (критики, 1994), Драмата во наставата (критики, 1994), Црно злато (роман, 1995), Дваесет романописци (критики, 1995), Расказот во наставата (критики, 1995), Тројниот меч (роман, 1996), Матурата (прирачник, 1996), Сонот на детето (поетски зборник, 1996), Аманет (роман, 1997), Методика на наставата по литература (1997), Жешки жени (роман, 1998), Сценски видувања (театарски критики, 1998), Народната литература во наставата (критики, 1998), Мост (роман, 1999), Професорот Диман (роман, 1999), Нарцисие (роман, 1999), Сребрена свадба (роман, 1999), Охридскиот лебед (роман, 1999), Матни води (раскази, 1999), Велеградот (роман, 2000).
Починал по кратко и тешко боледување, на 16 август 2010 година во Битола, на 74-годишна возраст.
Наводи
Надворешни врски
Откорнување ХУМАНИСТИЧКИТЕ ПОРАКИ ВО МАКЕДОНСКАТА РОМАНЕСКНА ЛИТЕРАТУРА
Категорија:Луѓе од Врањевци Категорија:Починати во Битола Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски драмски автори Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“