Тодор Димитровски ( во — во Скопје) — македонски јазичар, книжевен историчар, теоретичар и преведувач. мини|Тодор Димитровски
Животопис На негови десет години, неговите родителли се преселиле во Скопје (1932 година), каде што завршил основно училиште и гимназија (1940), Филолошки факултет (1954) и хабилитирал со трудот „Интернационалниот слој во јазикот на Крсте Мисирков“ (1970). Работел како преведувач во Македонската редакција на ТАНЈУГ, неколку години во весникот „Трудбеник“ (1945-1949), а потоа бил лектор во книгоиздателствата „Ново поколение“ и „Кочо Рацин“ (1950-1953). Работел како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Бил претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија (1982-1989). Почесен член на ДПМ.
Автор е на книгите: еден од составувачите на Речник на македонскиот јазик, 1-3 (1961 - 1966), еден од авторите на Правопис на македонскиот јазик, Григор Прличев, Собрани текстови, приредил (1974), Коле Неделковски, Стихови, приредил (1975), За македонскиот јазик, уредник, соавторство (1978), Коле Неделковски, Собрано дело, предговор, коментар, избор и редакција (1981), Од Пејчиновиќ до Рацин (1982), Димитрија и Константин Миладиновци, Зборник на народни песни, уредник, соавторство (1983), Речник на македонската народна поезија, кн. 1-2, уредник (1983-1987), Речник на Бели мугри на К. Рацин (1990), Речник на литературните изрази (1996), Подвигот на Миладиновци (2000), Нивната мака на перото (2000), Галичник и Мијаците (2000). Преводи: Слово за походот Игорев (1960). Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.
Наводи
Надворешни врски
About the Macedonian Language by Тодор Димитровски Го одбележуваме Денот на македонскиот јазик Рецензии кон трудот Толковен речник на Цепенковите приказни од авторот Димка Митева Речник на литературни изрази: 700 цитати (едиција речници) Значења и употреба на предлозите во македонскиот литературен јазик Речник на македонската народна поезија
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски јазичари Категорија:Македонски книжевни историчари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Југословенски јазичари Категорија:Југословенски книжевни историчари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Подлес Категорија:Починати во Скопје Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“