Сашо Мацановски - Трендо (, година) — македонски автор, новинар и телевизиски водител.

Животопис По неговите родители, Трендо води потекло од Велес.

Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Институтот по социологија при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Работел како уредник на вести во телевизиите Сител и Канал 5. Заедно со Логин Кочишки во периодот 1995-1998 ја создал емисијата „Балкан Експрес“ на ТВ Сител, која продолжила под името „Валкан експрес“ (1998-2000) на Канал 5. мини|180п|лево|Корицата на збирката „Трендоленд: слободна територија“. Од 2000-2004 година објавувал неделни колумни во додатокот „Антена“ на дневниот весник „Дневник“ и во неделникот „Фокус“. Тие се објавени на 680 страници во збирката „Трендоленд: слободна територија“ од издавачката куќа Табернакул во 2011. Напишани низ критичка и сатирична призма, колумните претставуваат неофицијална хроника на едно турбулентно време во историјата на Македонија.

Сашо Мацановски стапил во врска со Зорица Црношија во 2000 година, а со неа се оженил во 2006 година. Сашо и Зорица имаат две деца: Мате (роден во 2006 година) и Бела (родена во 2010 година).

Од 2000 до 2012 го водел мрежното место on.net.mk, еден од првите интернет портали во Македонија. Основач или творец е на уште неколку дигитални сервиси: дигиталната телевизија БумТВ, блог платформата Блогерај, интернет порталот за телевиско емитување Зулу, а кратко време бил и директор на маркетинг во компанијата на операторот ОНЕ.

Познат е и како неколкугодишен водител на македонската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“ (2004-2009). Поради водењето на квизот, тој ја добил Наградата за најдобар телевизиски водител за 2010 година при Златната бубамара на популарноста.

Во март 2012 година, го основал порталот офф.нет.мк.

Наводи

Надворешни врски Видео на You Tube - настап на Трендо, со Гоце Арнаудов, на Златната бубамара на популарноста 2006 Видео на You Tube - учество на Трибина Аргумент, 2012 - Религијата (не) го унапредува општеството

Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски новинари Категорија:Живи луѓе Категорија:Дипломирани на Филозофскиот факултет - Скопје