За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница

„Илустрација Илинден“ е списание на Македонската емиграција во Бугарија помеѓу двете свестски војни и за време на Втората светска војна. Излегува по 10 примероци годишно во Софија од април 1927 до мај 1944 година. Тиражот варира од 1.400 до 5.000 броја.

„Илустрација Илинден“ е илустрирано издание на Илинденската организација. Си поставува задача да биде архив на национално-ослободителните борби на Македонците (главно до 1912 година).

Печати статии за историски настани, спомени, биографски податоци за загинати борци, училишни и црковни дејатели, етнографски статии, документи.

Во списанието излегуваат и различни прилози. Содржи податоци за дејноста на Илинденската организација. Во него публикувале познати македонски творци, меѓу кои Венко Марковски, Методи Терзиев, Атанас Лозанчев и други. Главни уредници на списанието се Петар Мрмев, Кирил Христов Совичанов, Христо Шалдев, Лазар Томов, Лука Групчев и други. Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр.384

Наводи

Надворешни врски Сите броеви на „Илустрација Илинден“ "Илюстрация Илинден" на сайта на Македонския научен институт Юбилейно издание на “Илюстрация Илинденъ“, посветено на 30 годишнината от Въстанието

Категорија:Илинденска организација Категорија:Бугарски списанија