Оваа статија го објаснува обединувањето во 1871 г. За обединувањето на Западна и Источна Германија прочитајте Повторно обединување на Германија. мини|350п|Германското Царство 1871-1918 Обединувањето на Германија во Германското Царство, национална држава доминирана од Прусија со федерални одлики, официјално се случило на 18 јануари 1871 година во Салата на огледалата во Версајскиот дворец во Франција. Принцовите на германските држави се собрале таму за да го прогласат кралот Вилхелм I од Прусија за цар на Германското Царство за време на Француско-пруската војна. За седум години, Данска, Хабсбуршката монархија и Франција биле победени. Царството го имало своето потекло, не во наплив на националистичко чувство од масите, туку преку традиционална дипломатска влада и договор од страна на водачите на државите во Северногерманскиот Сојуз, предводен од Прусија. Прусија, окупирајќи повеќе од 3/5 од територијата на Германија и приближно 3/5 од населението, останала доминантна сила во Царството до неговото пропаѓање на крајот на Првата светска војна.Oliver F. R. Haardt, The Federal Evolution of Imperial Germany (1871–1918).
Конфедерално Царство на германски кнежевства постоело повеќе од илјада години, што датирало од Верденскиот договор во 843 година, во кој тогашното Каролиншко Царство било поделена на три кралства. Сепак, германскиот национален идентитет започнал да се развива дури во 1800 година, главно поради автономната природа на кнежевските држави; повеќето жители на Светото Римско Царство, надвор од оние со кои управувал царот, директно се идентификувале главно со нивниот крал, принц или кнез, а не со Царството како целина. Ова станало познато како „практика на мала - држава“. До XIX век, подобрувањата во транспортот и комуникациите ги зближиле овие мали држави и региони. Царството престанало да постои во 1806 година со абдикација на царот Франц II за време на Наполеоновите војни. И покрај правните, административните и политичките нарушувања предизвикани од распаѓањето, народот од германското говорно подрачје на старото Царство имал заедничка јазична, културна и правна традиција. Европскиот либерализам понудил интелектуална основа за обединување со предизвикување на династички и апсолутистички модели на социјална и политичка организација; нејзината германска манифестација ја нагласила важноста на традицијата, образованието и јазичното единство.
Моделот на дипломатски сфери на влијание што произлегле од Виенскиот конгрес во 1814–15 година по Наполеоновите војни ја потврдила австриската доминација во Средна Европа преку Хабсбуршкото раководство на Германскиот Сојуз, дизајниран да го замени Светото Римско Царство. Преговарачите во Виена не ја земале во предвид зголемената сила на Прусија и не успеале да предвидат дека Прусија ќе се обиде да ја предизвика Австрија за лидерство помеѓу германските народи. Овој германски дуализам претставил две решенија за проблемот на обединување: Мало германско решение (Германија без Австрија), или Големо германско решение (Германија со Австрија).
Историчарите дебатираат дали Ото фон Бизмарк - канцеларот на Прусија - имал план за проширување на Северногерманскиот Сојуз од 1866 година да ги вклучи преостанатите независни германски држави во единствена држава или едноставно да ја прошири моќта на Кралството Прусија. Тие заклучуваат дека покрај Бизмарковата „реална политика“, колекција од други фактори, како реорганизација на политичките, економските, воените и дипломатските односи во 19 век, играле значајна улога во обединувањето на германските држави во една заедничка држава. Реакцијата кон данскиот и францускиот национализам обезбедило израз на германско единство. Воените успеси - особено оние на Прусија - во три регионални војни, создало ентузијазам и гордост, што политичарите можеле да го искористат за да промовираат обединување. Со воспоставување на Германија без Австрија, политичкото и административното обединување во 1871 година барем привремено го решил проблемот со дуализмот.
Германија и германците на почетокот на 19 век
лево|мини|350x350пкс|Карта на Светото Римско Царство во 1789 година. На картата доминираат Хабсбуршката монархија (портокалова) и Кралството Прусија (сина), покрај голем број мали држави (многу од нив премногу мали за да бидат прикажани на картата). Пред 1803 година, во Средна Европа постоеја повеќе од 300 политички субјекти, од кои повеќето беа дел од Светото Римско Царство или обемните наследни имоти на Хабсбуршката Монархија. Тие беа во различни големини, од малите и сложени територии на принцовите на семејството Хоенлох, до големи, добро дефинирани држави, како што се Кралствата Баварија и Прусија. Нивното управување варираше: тие вклучуваа слободни империски градови, исто така со различна големина, како моќниот Аугсбург и малиот Вајл дер Штад; црковни територии, како богатата опатија Рајхенау и моќната архиепископија Келн; и династички држави како што е Виртемберг. Овие земји (или делови од нив - и Хабсбуршката Монархија и Прусија, исто така, вклучуваа територии надвор од структурите на Царството) ја сочинуваа територијата на Светото Римско Царство, која некогаш вклучуваше повеќе од 1.000 ентитети. Од 15 век, со мали исклучоци, избирачите на Царството избираа членови од Хабсбуршката династија да ја носат титулата Свети римски цар.See, for example, James Allen Vann, The Swabian Kreis: Institutional Growth in the Holy Roman Empire 1648–1715. Vol. LII, Studies Presented to International Commission for the History of Representative and Parliamentary Institutions. Bruxelles, 1975. Mack Walker. German home towns: community, state, and general estate, 1648–1871. Ithaca, 1998.
Војната на Втората коалиција (1799-1802) резултираше со пораз на империјалните и сојузничките сили од страна на Наполеон Бонапарт. Договорите на Луневил (1801) и Медијацијата од 1803 година ги секуларизираа црковните кнежевства и ги укинаа повеќето слободни империјални градови и овие територии заедно со нивните жители беа апсорбирани од династички држави. Овој пренос на територии особено ги зголеми териториите на Виртемберг и Баден. Во 1806 година, по успешната инвазија на Прусија и поразот на Прусија во битките кај Јена и Оерстед, Наполеон го диктираше Договорот од Пресбург и претседаваше со создавањето на Рајнскиот Сојуз, кој, меѓу другото, предвидуваше медијација на над сто ситни кнежевства и апсорпција на нивните територии, како и оние на стотици империјални витези, од земјите-членки на Конфедерацијата. По формалното отцепување на овие земји од Царството, царот формално го распушти Светото Римско Царство.John G. Gagliardo, Reich and Nation. The Holy Roman Empire as Idea and Reality, 1763–1806, Indiana University Press, 1980, p. 278–279.Robert A. Kann. History of the Habsburg Empire: 1526–1918, Los Angeles, 1974, p. 221. In his abdication, Francis released all former estates from their duties and obligations to him, and took upon himself solely the title of King of Austria, which had been established since 1804. Golo Mann, Deutsche Geschichte des 19. und 20. Jahrhunderts, Frankfurt am Main, 2002, p. 70.
Подемот на германскиот национализам под Наполеоновиот Систем
мини|Прво Француско Царство во 1812 година По Битката кај Аустерлиц и војната на Третата коалиција, Наполеон успеал да го порази Светото Римско Царство, припоило делови на Австрија и одредени германски држави кон Франција и ги обединил германските држави во Рајнскиот Сојуз.
Францускиот период значително придонел за појавата на идејата за единство и национална свест во Германија. Многу региони со нивните различни дијалекти се нашле во заедничка борба против француската окупација, а термините „Германци и германски јазик“ претставувале заедничка дефиниција за антифранцуско расположение или слобода од окупаторот. На фестивалот во Вартбург во 1817 година биле формирани првите вистински движења меѓу студентите за обединување на сите Германци. Боите црна, црвена и златна биле симболични за овие движења. За германскиот филозоф Јохан Готлиб Фихте,Првите, оригиналните и природните граници на една држава се без сомнение нивните внатрешни граници. Оние кои зборуваат на ист јазик, преку самата природа се споени со мноштво невидливи врски, долго пред да се развие човечката уметност; тие се разбираат и имаат моќ да продолжат да се разбираат се појасно и појасно; тие припаѓаат заедно и по природа се една неразделна целина. мини|260x260пкс|Битка на народите Потребите на кампањите на Наполеон во Полска (1806–07), Пиринејскиот Полуостров, западна Германија и неговата катастрофална инвазија врз Русија во 1812 година, разочараа многу Германци, кнезови и селани. Континенталниот систем на Наполеон речиси ја уништи економијата на Средна Европа. Инвазијата на Русија опфати речиси 125.000 војници од германските земји, а загубата на таа армија охрабри многу Германци, и од моќни и богати фамилии и сиромашни селани, да ја замислат Средна Европа ослободена од влијанието на Наполеон.James J. Sheehan, German History, 1780–1866, Oxford, 1989, p. 434.Jakob Walter, and Marc Raeff. The diary of a Napoleonic foot soldier. Princeton, N.J., 1996.Sheehan, pp. 384–387.
Дебаклот во Русија го олабави француското влијание врз германските принцови. Во 1813 година, Наполеонзапочна кампања во германските држави за да ги врати во француската сфера на влијание; последователната ослободителна војна кулминираше со големата битка кај Лајпциг, позната и како Битка на народите. Во октомври 1813 година, повеќе од 500.000 војници се вклучија во жестоки борби во текот на три дена, што ја направи најголемата европска копнена битка во 19 век. Битката резултираше со одлучувачка победа за Коалицијата на Австрија, Прусија, Русија, Саксонија и Шведска и ја прекина француската доминација источно од Рајна. Успехот ги охрабри коалициските сили да го потиснат Наполеон преку Рајна; неговата војска и неговата влада се распаднаа, а победничката Коалиција го затвори Наполеон на Елба. За време на кратката реставрација на Наполеон позната како 100-те дена од 1815 година, силите на Седмата коалиција, вклучително и англиска војска под команда на војводата од Велингтон и пруската војска под команда на Гебхард фон Блучер, победија кај Ватерло (18 јуни 1815 година).Although the Prussian army had gained its reputation in the Seven Years' War, its humiliating defeat at Jena and Auerstadt crushed the pride many Prussians felt in their soldiers. During their Russian exile, several officers, including Carl von Clausewitz, contemplated reorganization and new training methods. Sheehan, p. 323.Sheehan, pp. 322–323.
Виенски конгрес и Германски Сојуз
мини|Грб на Германскиот Сојуз