Монах или калуѓер — лице кое по сопствена волја стапило во манастир. Зборот монах потекнува од , односно од , што значи „еден“. Зборот, пак, калугер потекнува од , што значи „добар старец“.
Монаштвото во христијанството thumb|200px|Св. Антониј Велики, татко на христијанското монаштво
Монасите се појавиле за време на гонењето на христијаните при што некои толку свикнале на одвоен живот од другите луѓе, што и понатаму останале во пустините. Постојат два вида монаштво: анхоретски или пустински; и општожитие. Како основачи на монаштвото се сметаат св. Антониј Велики и св. Пахомиј Велики. Пред замонашувањето се поминува извесно време во послушание (искушеништво), задолжително под надзор на некој духовен отец. Потоа, искушеникот се постригува во мала схима и така станува монах. Поради огромниот углед на монасите, епископите ги земаат за свои советници (наречени сингели или протосингели) и од нив се бираат кандидатите за епископ од монасите. Монасите полагаат три завети при замонашувањето: сиромаштво, безбрачност и беспрекорно послушание. Главниот монах во манастирот се вика игумен, а во поголемите манастири тој се вика рхимандрит. исто така, и кај монасите постојат степени на напредувања, како: свештеноѓакон (јероѓакон), свештеномонах (јеромонах) итн. Целта на монахот е да се моли за сите луѓе. Кога христијанството било прогонувано од византиските цареви или од другите владетели, монасите се јавувале како бескомпромисни борци за верата и голем од нив пострадале во маченичка смрт.
Монасите како мотив во уметноста и во популарната култура „Просветлениот нос“ — краток расказ на македонскиот писател Живко Гроздановски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 316-317. „Песните на еден калуѓер“ (српски: Песме једног калуђера) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 209-215. „Монах стои пред портите манастирски“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 95. „Епитаф на монах Теодор от Гари“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 37. „Монахот од Кучевиште што создава ружи“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 60. „Монах стои пред портите манастирски“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 189. „Сонот на монахот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 180. „Запис“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 18. „Откачени калуѓери“ (англиски: Funky monks) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.Discogs, Red Hot Chili Peppers – Blood Sugar Sex Magik (пристапено на 8 март 2021) Милосрдни сестри (англиски: The Sisters Of Mercy) — англиска рок-група, основана во 1980 година.Discogs, The Sisters Of Mercy (пристапено на 9.11.2021) „Бенедета“ (Benedetta) — филм на режисерот Пол Верхофен од 2021 година.РТС, Бенедета (пристапено на 8.9.2025)
Наводи
Категорија:Монаштво Категорија:Верски занимања