Територијата на Украина била главен центар на источната словенска култура во средниот век. Секако историјата на Украина датира многу години наназад. Територијата била населувана континуирано од пред 5000 години пред нашата ера и според некои автори се смета за татковина на праиндоевропската фамилија на јазици. Коњот за првпат бил припитомен на територијата на Украина.Matossian Shaping World History p. 43

Хронологија

III век п.н.е. - Јамна култура II век п.н.е. - Кимеријци, Скити и Сармати IV век - завладување на хуните V век - создавање на Киевска Русија 988 г. - Христијанизација на Киевска Русија 1019 - 1054 година, — најголем подем на Киевска Русија 1169 г. - Андреј Боголупски го зазел Киев 1240 г. - Киев бил заземен од Монголското Царство XIV век - Украина станала дел од Полско-литванската Државна Заедница 1569 г. - Полско-литванска Државна Заедница, дел од Украина паднал под контрола на Полска XVII век - Успешни дејства на казаците против Османлиското Царство 1648 - 1654 - Богдан Хмелницки кренал востание против Полска 1876 г. - Емски указ - забрана на украинскиот јазик 22 јануари 1918 г. - објавување на независна Украинска народна република 1919 г. - На територијата на Украина се водат борби помеѓу вкупно пет армии 1922 г. - создавање на СССР и Украинска ССР 1932 - 1933 г. - Голодомор, земјоделските приноси на селаните се конфискуваат, милиони умират од глад 1941 - 1944 г. - Украина е окупирана од Нацистичка Германија 1945 г. - Украина станала полноправен член на ООН 24 август 1991 г. независност на Украина од СССР

Предисторија

thumb|300px|Територија на словените (6 век)

Географските простори на денешна Украина биле населени пред многу години.

Пронајдени се траги на населување на Украина од страна на неандерталците, во археолошки наоѓалишта во Молдавија во периодот од 43.000 - 45.000 година пред нашата ера. Населувањето на Граветите датира од пред 32,000 години, според пронајдоци во Буран-Каја пештерата во Кримските Планини. Доцно неолитската Трипилианска култура се појавува некаде околу 4500–3000 година пред нашата ера.

Трипилианската култура, се смета за една од најстарите култури која оставила траги во денешниот југозападен дел на Украина. Трипилианците одгледувале жито и изработувале глинени садови. Трипилианската култура се смета за врв на развојот на неолитските земјоделски и сточарски племиња на територијата на Европа.

Околу 1500 година пред нашата ера на просторите на денешна Украина се појавиле номадски племиња. Едно од тие племиња било и племето на Кимеријците кои оставиле и писмени траги. За ова племе пишувале и античките автори меѓу кои: Хомер, Калимах, Херодот и Страбон. Кимеријците го населувале просторот помеѓу реките Днестар и Дон а го населиле и Кримскиот полуостров. Се смета дека припадниците на ова племе се потомци на старо иранско номадско племе, генетски блиско до Скитите. Подоцна, околу 7 век пред нашата ера Кимеријците биле потиснати од Скитите од денешните украински степи. Во тоа време исто така античките грци започнале со основање на своите први колонии на северните брегови на Црното Море. Скитите биле протерани од овие простори некаде во 2 век пред нашата ера од страна на Сарматите - друго номадско племе.

Кон крајот на 2. и почетокот на 3 век од новата ера, низ денешна Украина владеело германското номадско племе - Готи. Хуните пак во 375. година ги поразиле Готите, по што создале моќна држава која се простирала помеѓу реката Дон и Карпатите. На чело на оваа држава бил Атила. Атила починал во 451. година. После неколку порази од Римјаните и нивните сојузници, хунската држава се распаднала.

За прататковината на Словените сè уште нема општоприфатена територија. Првите записи за Словените се сретнуваат во 1. и 2 век пред нашата ера кај римските автори Плиниј Постариот, Такит и Клаудиј Птолемај, кои Словените ги нарекуваале Венеди или Венети. Етнонимот Словен прват се сретнува кај византиските автори. Според некои извори Словените се поделиле на три големи групи: Венеди (во подрачјето околу реката Висла), Анти (во подрачјето околу реката Днепар) и Словени или Склавини (во подрачјето околу реката Дунав).

Повеќето историчари сметаат дека преселбата на племињата на Антите и Склавините треба да се земе за почеток на формирање на словенските народи а со самото тоа и на украинскиот народ.

Во 7 век, територијата на денешна Украина била срцето на државата на Булгарите (често наведувана како Стара Голема Булгарија) со главен град Фанагорија. На крајот од седмиот век, повеќето Булгарски племиња мигрирале во неколку правци а остатоците од нивната држава биле апсорбирани од страна на Хазарите, полуномадско племе од Цетрална Азија.

Хазрите го формирале Хазарското царство во југоисточниот дел на денешна Европа, близу до Каспиското Езеро и Кавказот. Царството се простирало на територијата на Казахстан, делови на источна Украина, Азербејџан, јужна Русија и Крим.

Последните големи преселби на народите на просторот на Украина биле оние на Бугарите и на Унгарците, но во тоа време веќе била воспоставена една од најголемите и најмоќните европски држави – Киевска Русија.

Кнежевства

thumb|300px|Историска карта на Киевска Русија и територијата на Украина: последните дваесет години од државата (1220–1240) thumb|300px|Карта на Киевска Русија

Во периодот од 9. до 10 век била создадена првата источнословенска држава со средиште во Киев на чие чело се наоѓала династијата Рјуркович. Првите записи за ова кнежевство се забележани во Бертинските анали во кои се наведува дека Олег бил водач на скандинавското племе Варјази (Викинзи) кој го освоил Киев 882. година и го направил престолнина на новата држава.

Во следните сто години Киевска Русија ќе ги опфаќа околните источнословенски племиња како и некои фински племиња на североисток. Во 988. година, Владимир I Велики го прифатил Христијанството од Византија.

Најголем степен на централизација државата ќе постигне за време на владеењето на Јарослав Мудриот (1019-1054).

Со текот на времето дошло до распаѓање на државата на посебни кнежевства. После напливот на монголите под водство на Бату Кан 1237-1241 и потполното разрушување на Киев (1240), главното упориште на државноста ќе се префрли во Галициско-волинското кнежевство (1199-1340).

Полско-литванска Државна Заедница

Во 14 век значаен дел на Киевска Русија, вклучително и Киев, потпаѓа под власт на Литванија со што настанала Литванско-руска држава која се нарекувала Големо Кнежевство Литванија. Полското кралство ја зазело Галиција и подрачјето околу градот Холм. После Кревската унија 1385. година во Големото Кнежевство Литванија почнал да јакне послкото и католичкото влијание. Унијата помеѓу Литванија и Полска, т.н. Лублинска унија постојано се зајакнувала со што дошло и до нивно реално соединување, во 1569. година. Поголемиот дел од украинските територии потпаднал под власт на Полска, а полската аристократија се стекнало со право на поседи во Украина. Црквата, до тогаш под самостојната Киевска митрополија, 1596. година ја сколопила т.н. Брестска унија со католичката црква. Со помош на оваа унија католичка Послка сакала да ја прекине врската на Украина со православна Русија. После распадот на Златната Орда пред крајот на 14 век околу Днепар се населиле украинските Козаци, кои одиграле важжна улога во отпорот кон турско - татарскиот притисок. Тоа е време на развојот на книжевноста на староукраински јазик. Во периодот од 1591 - 1638 година избиле низа на селски буни потпомогнати од козаците. 1648 година започнала ослободителна борба на украинскиот народ под водство на Богдан Хмелницки против Полска. Хмелницки ѝ нанел тешки порази на полската војска, но увидел дека самостојна Украина нема да може самата да се одбрани од Турците и пољаците, поради што помош побарал од Русија. На т.н. перејаславски собир 1654. година, Украина се обединува со царска Русија.

Унија со Царска Русија

Веднаш после обединувањето на Украина и Русија, Русија започнала војна со Полска, која завршила после 13 години со потпишување на примирје во Андусов 1667. година. Како последица на војната, и граѓанските војни, Украина ќе се подели на два дела разделени од реката Дљепар. Автономијата на хетманската (козачката) држава ќе опстане уште некое време само во Украина источно од Дљепар под власт на Москва. Меѓутоа Царска Русија продолжила со феудално и национално угнетување на Украина, на ист начин како што тоа претходно го правеле Полска и Унгарија, за што сведочат селско-козачки буни пред крајот на 17. и во текот на 18 век.

Хетманот Иван Степанович Мазеп во сојуз со шведскиот крал Карло XII (1708-1709) направил неуспешен обид за отцепување од Русија, после што рускиот цар Петар I ја намалил автономијата на хетманската држава. Подоцна руската царица Катарина II Велика во периодот од 1760. до 1780. година ги укинала сите слободи на украинците.

Украина ја изгубила својата автономија 1871 година. При првата поделба на Полска, Австроунгарија во 1772 година ја добила Галиција, а 1775 година ја добила Буковина, додека пак Русија ги добила териториите помеѓу Днепар и Буг 1774 година а нешто подоцна и Крим. После втората поделба на Полска, 1793 година, преостанатиот дел на Украина потпаднал под руска власт.

Народна преродба

Кон крајот на 18 век дошло до формирање на украинско народно движење, прво како културно а подоцна со основањето на кирило-методиското братство и како политичка организација. Тоа е време на раѓање на модерната украинска нација. Големо влијание во будење на националната свест на украинците имало творештвото на украинскиот поет и сликар Тарас Григорович Шевченко.

Поради постојаниот притисок и пресии на руските власти, сединштето на народната преродба се поместило во Галиција, која во тоа време се наоѓала во состав на Австрија.

Кон крајот на 19 век во Украина се појавиле и првите политички партии. Повеќето од тие партии се занимаваат со основање на самостојна украинска држава.

Украинските писатели и интелектуалци биле инспирирани од останатите европски народи кои исто така биле под јарем на големите европски царства, и биле одлучни во својата намера за оживување на украинскот јазик, култура, традиција и државност. Русија наметнувала строги закони против обновувањето на украинскиот јазик целосно забранувајќи ја неговата употреба.

Многу украинци ја прифаќале својата судбина да живеат во рамките на Русија, а некои дури и имале голем успех. Многу руски писатели и композитори, сликари и архитекти биле по потекло од Украина. Најпознат меѓу нив бил Николај Васиљевич Гогољ, еден од најголемите руски писатели.

Украина ќе остане во состав на Царска Русија сè до нејзиниот распад во февруари 1917 година.

Украина помеѓу 1917-1920

thumb|300px|Западноукраинска Народна Република

Украинската Централна Рада (тогашен украински парламент) во ноември 1917 година ја прогласува Украинската Народна Република, која на почетокот се наоѓала во состав на Русија, а на 25 јануари 1918 година била прогласена самосталност и отцепување. Првиот претстедател на таа држава бил писателот В. К. Вуниченко.

Во тоа време настанала современата украинска хералдика (грб и знаме). За да се спротивстави на болшевиците кои владееле со поголемиот дел од земјата, Централната Рада издаве документ насловен како „Обраќање на украинскиот народа до Германија со молба за вооружена помош“. Тоа било повод за своевидна германска окупација. На 29 април 1918 година со поддршка на Германија, во Украина е изведен државен удар и на власт доаѓа хетман П. П. Скоропадски. Украина повторно е хетманат, а државата е германски протекторат.

После поразот на Германија во Првата светска војна, во Украини избиле востание под водство на Семен Петљура. Скоропадски заминува од власт, а во декември 1918 година се прогласува Украинска Народна Република на чие чело повторно застанува Вуниченко.