thumb|right|Клаудија од Софи Андерсон Самовили или стии се суштества застапени во митологијата и во фолклорот, и тоа со различно значење. Понекогаш, самовила означува магично суштество, вклучувајќи гоблини или џуџиња, а друг пат означува конкретна форма на духовно суштество.
Етимологија на зборот самовила во европските јазици
Англискиот израз за зборот самовила потекнува од старо-англискиот јазик “faerie” директна позајмица од старофранцускиот јазик “faerie” (современ француски féerie) што означува земја, кралство или карактеристична активност (односно волшепство) на легендарните луѓе на фолклорот и романсата нарекувани (во Франција) faie, збор кој потекнува од латинскиот збор fata.Briggs, Katharine Mary (1976) An Encyclopedia of Fairies. New York, Pantheon Books. "Euphemistic names for fairies" p. 127 ISBN 0-394-73467-X.
На италијански зборот е fata, на португалски е fada, а на шпански hada, со ист латински корен. На бугарски јазик, зборот самовила ја усвоил старата латинска етимологија па самовила се нарекува феј.
Зборот fata иако во романските јазици станал именка од женски род, на почетокот бил од средниот род - односно ‘’fatum’’ што пак е партицип од глаголот fari (зборува). Оттука, нешто што се зборува, одлука, указ или пророштво, предвидување), односно судбина, верба. Се употребувал како еквивалент на грчкото “Μοῖραι” односно Мојри - персонифицирани самовили кои одлучуваат за текот и за крајот на човековиот живот. Faie (односно, самовила) во современиот англиски јазик станало “Fairy” додека на модерен француски јазик, тоа е “Fée”.
Особености
Самовилите често се опишани како суштества со човечки изглед и магични моќи, нивното потекло не е многу разјаснето во фолклорот, најчесто мртви или во некоја демонска форма, суштества кои не зависат од луѓето или ангелите.Lewis, C. S. (1994 (reprint)) The Discarded File: An Introduction to Medieval and Renaissance Literature. Cambridge, Cambridge University Press. p. 122 ISBN 0-521-47735-2. Фолклористите предлагаат дека нивното потекло е од освоена раса суштества што живее во бегство,Silver, Carole B. (1999) Strange and Secret Peoples: Fairies and Victorian Consciousness. Oxford University Press. p. 47 ISBN 0-19-512199-6. или со религиските убедувања кои го губат својот тек со појавата на христијанството.Yeats, W. B. (1988) "Fairy and Folk Tales of the Irish Peasantry", in A Treasury of Irish Myth, Legend, and Folklore. Gramercy. p.1 ISBN 0-517-489904-X. Овие објаснувања не се целосно веродостојни и водат до најразлични извори.
Фолклорот во најголем дел со самовилите се осврнува на заштитата од нивната пакост со предмети како ладно железо (железото за самовилите е како отров и тие се плашат да му пријдат) или амајлии од оскоруша и разни тревки, а најдобро е избегнувањето на местата познати како нивна територија. Особено во фолклорот се објаснува како да се спречат самовилите да не ги крадат и заменуваат бебињата, а и грабнувањето на постарите луѓе исто така.Briggs (1976) p. 25. Во многу народни приказни се раскажува за самовилите и тие се појавуваат од средновековните бајки, па сè до Викторијанското доба како и до ден денес во современата литература.
Иако во совремeната култура се отсликани како млади понекогаш крилести човековидни суштества од мал раст, претходно биле отсликувани многу поразлично како високи светли ангелски суштества или ниски волшебни тролови.Briggs (1976) p. 98.
Ситните самовили од еден или друг вид се забележани уште од вековите, но се појавуваат напоредно со оние со човечка големина - овие пак се отсликувани во висина од најмали до големина на дете. Иако мали, моќта на овие самовили може да биде неизмерна и не зависи од нивната големина воопшто. Крилата пак иако чести во Викторијанско доба и во сегашната уметност, се реткост во фолклорот, тие во фолклорот обично летале со помош на магија или на грбот на птиците, додека пак во денешно време тие се отсликани со крилја од различни инсекти и пеперугасти крилја. Различни животни се отсликани како самовили најчесто поради менувањето на формите и облиците, способност што ја имаат самовилите. Како во случајот со луѓето фоки (selkie) или некои видови на митолошки црни кучиња.Briggs, K.M. (1967) The Fairies in English Tradition and Literature. Chicago, University of Chicago Press. p. 71.
Народни верувања за потеклото на самовилите
Едно народно верување вели дека тие се мртви или поткласа на мртовци. Ирското banshee или Шкотскиот bean што всушност и двете означуваат самовила понекогаш се опишуваат како духови. Во една бајка се објаснува за некој човек грабнат од самовили дека секогаш кога подобро ќе се загледал во самовилите една од нив личела на негова сосетка која била мртва.Briggs (1967) p. 15. Ова се најчестите објаснувања на оние кои верувале во самовили, иако многу од информаторите ги изјаснувале своите ставови со двоумење.
Друго гледање пак тврди дека самовилите биле интелигентни суштества, кои се разликуваат од луѓето и ангелите. Во алхемијата се одразени особено како својствени суштества како џуџиња и силфи (вита девојка/жена). Ова не е вообичаено во фолклорот, но пронајдени се делови каде што се објаснуваат самовилите како „воздушни духови“.Briggs (1967) p. 146.
Трето верување е тоа дека тие се еден вид на „деградирани“ ангели. Една народна приказна вели кога ангелите се побуниле, Господ наредил да се затворат портите, тие што се нашле во рајот останале ангели, оние во пеколот станале ѓаволи (демони), а оние фатени во средината станале самовили. Други пак тврдат дека тие биле исфрлени од рајот, бидејќи не биле доволно добри, но и дека не биле доволно зли за да се најдат во пеколот. Ова објаснува дека тие мора да платат данок на пеколот. Како паднати ангели, а сепак нецелосни ѓаволи тие се гледани како поданици на ѓаволот.Briggs (1967) p. 9. Постои сличен концепт и во персиската митологија.
Четврто верување е дека самовилите се целосно ѓаволи, ова верување стана сè попопуларно со ширењето на пуританизмот. Веселиот гоблин некогаш пријатен домашен дух, стана зол гоблин. Занимавањето со самовили тогаш се сметало за вештерство и било казнувано.Briggs (1976) "Traffic with fairies" and "Trooping fairies" pp. 409–12. Оградувајќи се од таквото зло покажува зошто Оберон во ‘’Сонот на летната ноќ’’ ниту тој ниту неговиот суд не се плаши од црковните ѕвона.
Верувањето во нивната ангелска форма е помалку застапено отколку тезата дека се мртви, но сепак се пронаоѓа, особено во теозофиските кругови.Evans-Wentz, W. Y. (1966, 1990) The Fairy-Faith in Celtic Countries. New York, Citadel. pp. 167, 243, 457 ISBN 0-8065-1160-5. Информаторите кои ја опишувале нивната природа понекогаш се држеле до аспектите од третото и четвртото верување заедно или набљудувале дека темата е веќе разрешена.
Најмалку застапено е верувањето дека самовилите се всушност луѓе. Една народна бајка раскажува за тоа како некоја жена скрила неколку од своите деца од Бога, но подоцна попусто ги барала тие се претвориле во скриените луѓе, самовили. Ова е паралелно со поразвиената бајка за скандинавската хулдра.
Бебешка смеа Приказна за потеклото на самовилите се појавува во поглавјето за Петар Пан од романот на Џ.М. Бери од 1902 година „Малата бела птица“ и е вметнато во неговите последни дела за ликот. Бери напишал, „кога првото бебе се насмеа за првпат, неговата насмевка се распрсна на милион парчиња и сите тие избегаа надвор”, тоа беше почетокот на самовилите.
Пагански божества
Многу од ирските приказни се однесуваат на суштествата како самовили, иако во древни времиња тие биле сметани за богови и божици.
Скриените луѓе Една честа тема пронајдена кај Келтите објаснува за раса на ситни луѓе коишто биле приморани да се кријат од освојувачи. Тие се гледани како друга раса или моќни духови, и се верувало дека живеат во друг свет за којшто се објаснувало дека постои под земјата, во скриените ридови (мноштво од нив древни гробници) или преку западното море. Во една стара келтска бајка се објаснува дека самовилите се бесмртни суштества кои живеат во древните пештери и скривалишта.
Концептот на другиот свет е поврзан со островот на јаболката, познат како Авалон во митовите за кралот Артур. Овде се среќава дека Silver Bough кој дозволувал на жив човек да влезе и излезе од другиот свет. Според легендата, Кралицата на самовилите им нудела на достојни смртници храна и безбедност на нивниот престој.
Некои археолози од 19 век мислеле дека пронашле подземни соби во Оркнинските острови кои биле слични на земјата на џуџињата во Childe Rowland во народниот фолклор кременски глави од стрели од каменото доба придонесоа за самовилите како „џуџесто оружје„ стравот од железо на самовилите придонесе за освојувачите да имаат железни оружја, додека жителите имале само кремен и биле лесно поразувани во физичка пресметка. Нивната зелена облека и подземните домови се одразувале на нивната потреба да се скријат и камуфлираат од напаѓачите а употребата на магии неопходна вештина за поразување на оние се супериорно оружје. Во Викторијанските верувања на еволуцијата, канибализмот помеѓу троловите придонесува за сеќавање на дивјачки раси, сè уште практикуван и покрај „надмоќни„ раси кои го напуштиле. Селките опишани во бајките како луѓе фоки со моќ за менување форми и облици се запаметени како примитивци кои патувале со кајаци. Африканските пигмејци се ставени како пример за раса која постоела порано низ широка територија но се разретчиле и станале полу митолошки суштества под влијание на други племиња и раси.
Христијанизирани пагански божества Друга теорија тврди дека самовилите првенствено се обожувани како богови, но со почетокот на христијанството тие живееле со намалено ниво на моќ, во народното верување во ова време, самовилите од страна на црквата се третирани како „зли„ суштества. Многу суштества опишани како божества во постарите бајки се опишани како самовили во поновите записи. Викторијанското објаснување на митологијата коешто ги смета сите богови како метафора за природните случувања кои се сфаќале буквално, ги објаснува како метафори на ноќното небо и ѕвезди. Според оваа теорија на самовилите им се давани концепти на природни особини и апстрактни дефиниции како „љубов„ и „победа„ во пантеон во одредена форма на анимистично природно обожување, реконструирано во религијата на Древна западна европа.
Духови на мртвите Трета теорија тврди дека самовилите се фолклорно верување што се однесува на мртвите. Ова забележува многу чести точки на верување како што истите легенди се раскажуваат за духови и самовили, Сидот всушност е гробница и дека е опасно да се јаде храна во Хадот и Земјата на самовилите и дека и мртвите и самовилите живеат под земја.
Класификација
Во шкотскиот фолклор самовилите се делат на Seelie Court добротворни (но сепак опасни) и Unseelie Court, злобни пакосни самовили, додека првите си играле со луѓето но не ги повредувале, вторите уживале во нанесувањето на болка врз луѓето.
Групни самовили – ова се однесува на оние самовили кои патувале во групи и било можно да оформат некое свое живеалиште на местото каде ќе застанеле. За самовилите обично постои поширок контекст на сфаќања, а поимот вклучува различни видови на митолошки суштества, најчесто од келтско потекло, но се користи и за слични видови, како на пример џуџиња кои не се мешаат со други од својот вид.
Практични верувања и заштита
Како суштества што човек може да ги сретне за самовилите се знаело за нивната беља и пакост. Некои шеги им се припишувале ним , како на пример ја мотале косата на оние кои спијат во локни, краделе мали предмети или насочувале патници на погрешен пат, но во целост безопасни. Но исто и далеку поопасни случи им се припишувале како на пример ненадејна смрт или заразување (туберкулоза) или пак ги терале младите момци и девојки цела вечер да играат при што не им давале одмор или го јавале добитокот во текот на ноќта па некој добиток може и умирал наутро.