Бојко Методиев Борисов () е бугарски политичар, поранешен премиер на Бугарија. Претходно бил премиер во периодот од 2009 до 2013 година, водач на партијата ГЕРБ и градоначалник на Софија од 2005 до 2009.
Животопис Бојко Борисов е роден на година во село (денес град) Банќа. Дипломира во 1982 година на Високата школа на Министерстово на внатрешните работи како инженер. Има добиено чин на поручик по Пожарна безбедност. Истата година Борисов се вработил во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а подоцна тоа било преименувано во командир на чета.
Од 1985 година па сѐ до 1990 Бојко Борисов е предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР. Во 1982 година ја брани докторската дисертација. За време на т.н. „преродбен процес“, тој е назначен за командир на бригада во Дулово, Каолиново и во Разград, којашто ја чувала општествената безбедност по масовите иселувања на месните жители во Турција.
Од 1978 година Бојко Борисов професионално се занимава со карате (има добиено црн појас). Долги години работел како тренер на националниот одбор на Бугарија по карате, а исто така и како судија по меѓународни натпревари по карате.
Во 1990 година Борисов го напушта системот на МВР, се откажува да се деполитизира и останува член на БКП. Во 1991 година, тој ја основа фирмата за лично обезбедување „Ипон-1“, којашто ги обезбедува познатите бугарски политичари како Тодор Живков и Симеон Сакскобургготски.
Во 2001 година Бојко Борисов е назначен на должноста „главен секретар на бугарското МВР“ и е унапреден со доделувањето на чинот полковник, а од 2002 година претседателот на Бугарија Георги Прванов му го доделил чинот генерал мајор. Во 2004 година го добил чинот генерал потполковник.
Политичка кариера На парламентските избори од 2005 година Бојко Борисов бил кандидат за народен пратеник од Националното движење „Симеон Втори“. По изборите е избран за народен пратеник, од што се откажал поради кариерата во МВР. По конфликтот со тогашниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, го напушта системот на полицијата.
На 10 ноември 2005 година е избран за градоначалник на Софија. Во март 2006 година ја основал организацијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), на којашто и денес е водач. Подоцна организацијата е претворена во политичка партија, која на 5 јули 2009 година победила на парламентарните избори во Бугарија, со освојување на 41% од гласовите.
Во почетокот на 2013 година поради протести во земјата дал оставка по која биле закажани парламентарни избори.
Извори
Надворешни врски
Биографија на Бојко Борисов на официјалното мрежно место на ГЕРБ
Категорија:Премиери на Бугарија Категорија:Бугарски политичари Категорија:Градоначалници на Софија Категорија:Живи луѓе Категорија:Пожарникари Категорија:Спортисти-политичари