Чантико („таа што живее во куќата") е ацтечка божица која владее над огновите во семејното огниште. Таа го прекинала постот јадејќи пиперка со печена риба, а Тонакатекухтли ја претворил во куче како казна. Ја поврзувале со градот Ксочимилко, каменорезите, како и воините. Чантико била опишана во различни предколумбиски и колонијални кодекси.

Поврзано Ацтечки богови и натприродни суштества

Категорија:Ацтечки богови