Територијата на денешна Грузија била населена уште од најраните времиња. До XII век п.н.е. во североисточна Анадолија постоела држава која се викала Диаоха. Во периодот од VI до II век п.н.е. во Западна Грузија постоела грчката Колхидското царство, а во Источна Грузија постоела Иберија.

Овие простори паднале во составот на Римското Царство. Во 327 година, во Грузија било воведено христијанството како основна религија, по примерот на Ерменија која е првата држава која го воведува христијанството. Подоцна, Грузија била во составот на Византија, Персија и Арабија.

Средновековна Грузија лево|мини|Манастир Ивирон, основан кон крајот на X век, бил главен духовен центар на грузиските монаси на Света Гора. Во IX и X век започнал процесот на политичко обединување. Владетелите од династијата Багратиони воспоставиле контрола врз голем дел од југозападните и централните грузиски области, користејќи ја слабеењето на арапската власт и промените во односите меѓу Византија и муслиманските држави. Клучна личност во овој процес бил Баграт III, кој во 1008 година ги обединил источните и западните грузиски кралства во единствена монархија. Овој чин се смета за почеток на средновековното Кралство Грузија, кое постепено станало најмоќната држава на Кавказ.

Во XI век новата држава се соочила со сериозни закани од Селџучкото Царство. Големи делови од земјата биле опустошени од селџучките походи, а многу населени места биле напуштени. Политичката криза достигнала врв за време на владеењето на Ѓорѓи II, кога државата била принудена да плаќа данок на Селџуците.

Пресвртот настапил со доаѓањето на престолот на Давид IV Градител во 1089 година. Тој спровел длабоки воени, административни и црковни реформи, ја намалил моќта на големите феудалци и создал дисциплинирана професионална војска. Особено значајно било населувањето на десетици илјади кипчачки семејства, кои обезбедиле нов воен потенцијал. Во 1121 година Давид IV ја извојувал славната победа во Битката кај Дидгори, која се смета за една од најголемите победи во грузиската историја. По оваа победа следната година бил ослободен Тбилиси, кој повторно станал главен град на кралството.

XII и почетокот на XIII век претставуваат „златно доба“ на средновековна Грузија. Најголемиот подем бил постигнат за време на владеењето на Тамара Велика, која владеела од 1184 до 1213 година. Иако формално носела титула крал, а не кралица, нејзиното владеење било врв на политичката, воената и културната моќ на државата. Грузиското кралство ги проширило своите граници од Црното Море до големи делови на Ерменија и денешен Азербејџан, воспоставувајќи мрежа на вазални држави и сојузници. Грузија во тоа време претставувала главна христијанска сила на Кавказ и важен посредник во трговијата меѓу Европа и Азија.

Во XVI век, Грузија била во составот на Османлиското Царство. Во 1783 година, Грузија склучила одбранбен договор со Русија, а во 1801 година руските кралеви ја вклучиле Грузија во Руската Империја.

Советска Грузија и обновување на независноста (1921–1991) лево|мини|Влегувањето на 11-та армија на Црвената армија во Тбилиси на 25 февруари 1921 година, со што започнала советизацијата на Грузија. На 26 мај 1918 година, по Октомвриската револуција, Грузија објавила независност. Но, на 16 февруари 1921 година, Црвената армија ја окупирала Грузија, и ја вклопила во составот на Советскиот Сојуз. Воспоставена како Советска Социјалистичка Република на 25 февруари 1921, од 12 март 1922 до 5 декември 1936 била дел од Закавкаска Федеративна Советска Социјалистичка Република заедно со Ерменска ССР и Азербејџанска ССР.

На 15 ноември 1990 г. е преименувана во Република Грузија. Прогласи независност на 9 април 1991, под власта на националистичкиот водач Звијад Гамсакурдија. Како и да е, независноста не била призната од Советската влада сѐ до септември 1991.