За земниот гас со истото име, видете Бутан (гас).
Кралство Бутан (ѕонгка: 60px) или само Бутан — земја во Јужна Азија, с естена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Друк јул“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“http://www.loc.gov.
До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лејкастер, Бутан е најсреќната држава во Азија и осма најсреќна држава во светот според истражувањата на универзитетот во 2006 година..
Релјефот на Бутан е разновиден. Така, државата е составена од суптропски рамници на југот па сè до планински предели на север со високи врвови, од кои некои изнесуваат над 7000 метри надморска височина. Државната религија во Бутан е ваѓрајаната. Исто така најголем број од населението се будисти, додека втора најголема религија е хиндуизмот. Најголем град, а воедно и главен град, во Бутан е Тимбу (Тимпу). Вкупната површина на државата е 38.394 км2.
По долгогодишно владеење од страна на монархијата, Бутан ги одржал своите први демократски избори во март 2008 година. Покрај останатите меѓународни организации, Бутан е член на ООН и Јужноазиското здружение за регионална соработка.
Потекло на поимот Името „Бутан“ најверојатно доаѓа од санскритскиот збор „Bhu-Utthan“ што значи „планински предел“. Исто така, покрај оваа теорија постои и друга теорија која вели дека името на државата доаѓа од санскритските зборови „Bhoṭa-anta“ што во буквален превод би значело „На крај од Тибет“, што и има логика бидејќи Бутан е веднаш до јужната страна на Тибет.
Историски, Бутан бил познат под повеќе имиња, како што се „Lho Mon“ (јужна земја на темнина), „Lho Tsendenjong“ (јужна земја на цеденските чемпреси), „Lhomen Khazhi“ (јужна земја со четири пристапи) и „Lho Men Jong“ (јужна земја на лековити тревки).
Историја
Ран период Камени алатки, орудија, слонови и остатоци од големи камени структури пронајдени во државата покажуваат дека Бутан бил населен уште во 2000 п.н.е. иако нема записи од тоа време. Историчарите даваат теории дека државата Ломон (што во буквален превод значи „јужна темнина“, придавка која се однесува на религијата Мон) или Моњул („темна земја“ што го означува староседелскиот народ Монпа) можеби постоеле како држави помеѓу 500 п.н.е. и 600 година. Имињата „Ломон Ценденџонг“ (Сандалова држава) и „Ломон Каши“ (Јужен Мон) биле пронајдени во записите на античките Бурманци и тибетските хроники..
Еден од најраните записи за некој настан во Бутан е пасусот на будистичкиот светец Падма Самбава (или познат како Гуру Ринпоче) во 747 година. Раната историја на Бутан не е сосема јасна, бидејќи голем дел од записите биле уништени во пожар во античкиот главен град на Бутан, Пунака во 1827 година. До XX век, развитокот на бутанскиот политички живот бил под силно влијание од религијата и нејзината историја. Сепак, денес нема силни докази кои би потврдиле дека имало јасни записи за Бутан пред пожарот. Различни будистички подгрупи започнале да се појавуваат во Бутан за време на инвазиите на Монголците. По падот на Монголците во XIV век, овие подгрупи започнале да се обединуваат и да ја создадат будистичката религиска подгрупа Друкпа во XVI век.
Ран среден век до XIX век thumb|right|180px|Италијанска карта од XVII век во која е претставен Бутан. Сè до почетокот на XVII век, Бутан опстојувал како расцепкана територија на воинствени феудалци, кога подоцна биле обединети од тибетскиот далај-лама и воен водач Шабдрунг Нгаванг Намѓал кога во Тибет имало религиски прогони. За да се бори против религиските насилници, тој изградил ланец на тврдини, познати како ѕонг, и создал законик со кој локалните водачи ги обединил и им воспоставил централна власт. Голем број од таквите тврдини и денес опстојуваат и се центри на религиозни и политички настани. Околу 1627 година, Португалците Естевао Касела и неколку свештеници биле првите Европејци кои го посетиле Бутан одејќи накај Тибет. тие се сретнале со Нгаванг Намѓал на кого му ги претставиле телескопот и барутот и се понудиле на помош во војната против Тибет, но Нгаванг одбил. По престој од околу осум месеци, Канцела напишал писмо од манастирот Чагри во кој го опишал патувањето во Бутан. Ова е редок артефакт од тоа време.Stephen Cacella - страна на Bhutannica.org
По смртта на Намѓал во 1652, во Бутан избила граѓанска војна. Во таква хаотична ситуација, Тибет ја нападна државата во 1710 и во 1730 година со помош од Монголците. Двата напада биле победени и мировен договор бил потпишан во 1759 година.
Во XVIII век, Бутанците го нападнале и окупирале кралството Куч Бехар, на југ од Бутан. Во 1772 година, Куч Бехар побарал помош од Британската источноиндиска компанија кои пак му помогнале при одбраната од нападите, а подоцна и при напад на Бутан во 1774 година. Мировен договор бил потпишан со кој Бутан морал да ги врати окупираните територии и да ги зачува границите од пред 1730 година. Покрај овој договор, престрелките помеѓу Бутан и Британските колонисти продолжиле и во наредините 100 години, што довело до Дуарската војна, судир за превласт на бенгалските Дуари. Откако Бутан ја изгубил војната бил потпишан договорот од Синчула помеѓу Британска Индија и Бутан. Со договорот, Дуарите биле присвоени кон колонијата, а Бутан добил пари во замена.
За време на 1870-те, моќното соперништво на долините Паро и Тонгса довело до нова граѓанска војна во Бутан, што пак резултирало со превласт на Уѓен Вангчук, гувернерот на Тонгса. Од неговиот центрар во централен Бутан, тој ги поразил неговите политички непријатели и ја обединил државата во која во наредините години имало неколку граѓански војни и побуни.
Понова историја - XIX век до денес thumb|right|180п|Ташичоеѕонг во Бутан, седиште на владата на Бутан. Во 1907 година се случиле значајни промени во државата. Уѓен Вангчук бил избран за крал на Бутан од собранието на будистички монаси, владини претставници и влијателни бутански семејства. Британската влада ја признала новата бутанска монархија и во 1910 година Бутан потпишал договор со кој Британија можела да ја „насочува“ надворешната политика на Бутан.
По независноста на Индија од Обединетото Кралство на 15 август 1947 година, Бутан е една од првите држави кои ја признале Индија. Договор, сличен на тој од 1910 година, потпишан на 8 август 1949 година со кој Бутан се стекнал со целосно управување на своите надворешни политики.
Во 1953, кралот Џигме Дорџи Вангчук основал нова легислатура, собрание со 130 пратеници за да се промовираат демократски форми на владеење. Во 1965 година, тој го основал Кралскиот надзорен совет и во 1968 година го оформил кабинетот на министри. Во 1971 година, Бутан бил примен во ООН, кога три години бил набљудувачки статус. Во јули 1972, Џигме Синѓе Вангчук го наследил престолот на Бутан на свои 16 години по смртта на својот татко Дорџи Вангчук.
Проблеми во Јужен Бутан
Во 1980-те години, сè со цел да се зајакне националниот идентитет, се одвивала кампања со која се целело периферните етнички групи да се присвојат кон бутанската култура и општетство. Користењето на јазикот ѕонгка и стариот код на однесување познат како „дриглам намза“ станале задолжителни. Во меѓувреме, на националниот попис се открило дека во државата живее повеќебројно непалско население кое жевеело нелегално во Јужен Бутан. Кога владата се обидела да ги отстрани нелегалните имигранти, започнале да се одвиваат немили настани. Јавни институции, владини канцеларии и места од јавен интерес биле напаѓани. За да се спречеле таквите немили настани, владата била принудена да го регрутира младото население и резервниот состав на војската за да ги згаснат револтите. Голем број на јужнобутанци пребегнале во Непал во кампови на ООН.
Демократски реформи и модернизација thumb|right|130px|Кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук. Кралот Џигме Сиње Вангчук вовел значајни политички реформи, префрлајќи ја политичката моќ во рацете на Советот на министри и дозволил импичмент на кралот со обезбедени две-третини од собранието на Бутан.
Во 1999 година, владата на Бутан ја отстранила забраната на телевизија и интернет што воедно го прави Бутан еден од последните држави кои го сториле тоа. Во својот говор, кралот изјавил дека телевизијата е важен дел во модернизацијата на земјата и важен придонес во среќата на Бутан. Воедно, Бутан е единствената држава во светот која мери среќа.Larmer, Brook; (2008) Bhutan's Enlightened Experiment но и потенцирајќи дека погрешното употребување на телевизијата може да ги наруши традиционалните вредности на Бутан.Cathy Scott-Clark, Adrian Levy. "Fast forward into trouble", "The Guardian", 14 June 2003. Retrieved 3 март 2008.
Во 2005 година нов устав бил усвоен во Бутан. Во декември 2005 година, Џигме Синѓе Вангчук изјавил дека својата титула ќе ја предаде на својот син во 2008 година. Во 2007 година Бутан ги одржал првите целосно демократски избори. На 6 ноември 2008 година, Џигме Кесар Намѓел Ванчук станал нов крал на Бутан заменувајќи го својот татко Џигме Синѓе Вангчук и бил крунисан „крал на хималаското кралство“.
Географија и клима
thumb|right|Топографска карта на Бутан Северниот регион на Бутан е планински предел со високи врвови и со екстремно ладна клима на повисоките места. Повеќето од врвовите во Бутан се високи над 7.000 метри. Највисок врв во Бутан е Кула Кангри со висина од 7.553 метри. Регионот е снежен, со периодично замрзнати реки и мали планински долини што овозможуваат за развивање на локалното сточарство.
Црните Планини во централен Бутан се наоѓаат помеѓу две главни речни системи: Мо Чу и Дрангме Чу реките. Врвовите на Црната Планина се високи од 1.500 до 2.700 метри Главни реки во Бутан се Торса, Раидак, Санкош и Манас. Повеќето од населението на Бутан е населено во централните планински предели на државата.
thumb|left|Кангкар Пунсум — највисока планина во земјата
Југот на земјата, поточно планините Шивалик се покриени со шуми, никотревни долини и врвови со околу 1.500 метри. Тука се наоѓа и висорамнината Дуарс. Дуарс во поголем дел се наоѓа во Индија но мал дел зафаќа и во Бутан. Бутанскиот Дуарс е поделен на два дела: северен и јужен Дуарс.
Климата во Бутан варира, така што на југот од земјата е суптропска а додека во северните планински делови климата е речиси поларна, со многу ладни и снежни денови. Во Бутан се забележуваат пет различни сезони: лето, монсун, есен, зима и пролет. Западен Бутан има поголеми монсунски врнежи, Јужен Бутан има топли лета и ладни зими, и централен и Источен Бутан се посуви одошто Западен Бутан со потопли лета и ладни зими.
Политички систем
Во последните неколку декади, политичкиот систем на Бутан се развил од апсолутна монархија во уставна монархија. Во 1999, четвртиот крал на Бутан создал тело наречено Lhengye Zhungtshog (Совет на Министри). На чело на државата е „Druk Gyalpo“ или Кралот на Друк Јул. Извршната власт е во рацете на Советот на Министри. Законодавната власт се поделила на двете важни тела во државата, односно владата и поранешното Големо Национално Собрание ја извршуваат оваа задача. На 17 декември 2005 година, четвртиот крал Џигме Синѓе Вангчук објавил на нацијата дека првите демократски парламентарни избори ќе се одржат во 2008 година и дека тој ќе го предаде престолот на неговиот најстар син. Кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук го презел престолот на 14 декември 2006 година. Тој станал најмалдиот монарх што владее во светотCoronation.