Видеоконференција или видеотелеконференција е множество од интерактивни телекомуникациски технологии кои овозможуваат луѓето на две или повеќе различни локации да комуницираат преку симултан двонасочен аудио и видео пренос. Позната е и како визуелна колаборација, и е наменета за соработка меѓу групи.

Како колаборативни системи видеоконференциите се класифицираат во системите кои овозможуваат соработка меѓу луѓе, додека според парадигмата место-време се вројуваат во систмите со различно но предвидливо место за корисниците и исто време.

Видеоконференциските системи овозможуваат:

Побрза комуникација и полесна колаборација Се намалуваат трошоците за деловни патувања, се намалува потрошеното време Побрзо може да се донесат одлуки за разлика од другите системи за соработка на далечина, бидејќи менаџерот или водачот на тимот истовремено може да го види расположението на тимот и како тие прифаќаат одредена одлука. Ваквите состаноци се продуктивни. Повеќе членови од тимот може да учествуваат на состанокот без трошење од работното време на патувања

Пример за ваков систем е Polycom Video Conferencing.

Наводи

Категорија:Соработна програмска опрема