Свети Стефан I (унгарски: I. (Szent) István; латински: Sanctus Stephanus) (Естергом, 967/969/975 - ЕстергомEsztergom.huHankó Ildikó: Királyaink Tömegsírban или Секешфехервар, ) — голем везир на Унгарците (997-1000) и првиот крал на Унгарија (1000-1038). Тој успеал да ја зацврсти унгарската контрола во Панонската низина, го вовел христијанството како примарна религија во земјата, а често се споменува дека тој е создавачот на кралството Унгарија. Тој бил канонизиран, заедно со неговиот син Емерик и Герард Сагредо на 20 август 1083, со што станал еден од најпопуларните светци во Унгарија.
Рани години Вистинското име на Иштван било „Вајк“Тој бил наречен „Вајк“ од страна на Титмар Мезербуршки. „Вајк“ е најверојатно туркиско име, што во превод значи „богат“ или „херој“, но можеби името потекнува од унагсркиот збор за путер „вај“. во Естергом. Неговиот татко бил големиот везир Геза, а негова мајка била Шаролт, ќерка на Ѓула од ТрансилванијаНекои полски извори, посочуваат дека неговата мајка била полската принцеза Аделаида од династијата Пјастови. Таа била втората жена на Геза, по смртта на Шаролт, но оваа верзија главно се отфрла од најголемиот број на историчари., кој бил унгарски благородник, покрстен во Византија. Иако Шаролт била покрстена и станала православна на дворот од својот татко од страна на византискиот патријарх Хиеротеос, таа не настојувала многу да биде религиозна.. Според легендите, Вајк бил покрстен од светецот Адалберт Прашки."Legenda maior Sancti Regis Stephani" („Големата легенда за кралот Свети Стефан“) Нему му било дадено христијанското име Стефан (Иштван) во чест на светецот Свети Стефан.Името „Стефан“ потекнува од грчкото στεφανος („стефанос“), што значи „крунисан“ Христијанското име, можеби било избрано и поради тоа што, зборот во превод не значи само „круна“, туку на иврит, истиот значи „норма“ или „стандард“.Според Златната легенда од Јаков Ворагински Така, мисијата на Свети Стефан била да ѝ обезбеди норма на Унгарија со Светата круна (наречена и Доктрина на светата круна). И покрај тоа, друга причина била тоа што, Стефан како свршеник на жена од диоцезата Пасау, сакал да направи нешто во чест на главниот светец од Пасау. Денес, катедралата во Пасау е наречена по него (Свети Стефан).
Кога Стефан пораснал, големиот везир Геза собрал собрание на кое било одлучено Стефан да го наследи неговиот татко, како монарх на Унгарците.Legenda maior Sancti Regis Stephani („Големата легенда за кралот Свети Стефан“) Оваа одлука, сепак била спротивна на унгарскиот племенски обичај, според кој правото на наследство му се доверувало на најстарата личност која била блиска до владетелот.
Стефан се оженил со Гизела Баварска, ќерка на Хенрик II Кавгаџијата околу 995 или нешто подоцна.Херман од Рајхенау: Chronicon de sex ætatibus mundi (Хроника на шесте етапи на светот) Преку овој брак, тој станал брат според правото на идниот цар на Светото Римско Царство Хенрик II. Гизела допатувала на дворот на нејзиниот маж, придружувана од германски витези.Илустрирана хроника
Голем везир на Унгарците Во 997, големиот везир и татко на Стефан Геза починал, па започнале борби за избор на негов наследник.Legenda maior Sancti Regis Stephani (Големата легенда за кралот Свети Стефан) Стефан се согласил да владее над Унгарците според христијанскиот принцип на божја милост, додека неговиот чичко Копањ, кој бил голем паган во Шомоѓ го имал вистинското право на наследник.Илустрирана хроника Постои можност дека двајцата се соочиле во битката крај Веспрем и Стефан, кој излегол како победник, ја презел титулата, голем везир на Унгарците. Неговата победа, била првенствено поради неговата германска придружба, предводена од браќата Пазмањ и ХонтНекои автори ги нарекуваат Познањ и Хонт, со тоа што, Познањ бил словачки земјопоседник во регионот Нитраn, но сепак изворите посочуваат на фактот дека и двајцата дошле на унгарскиот двор како придружба на принцезата Гизела.. Современите документи за основањето на манастирот во Панонхалма ја опишуваат битката како соочување меѓу Германците и Унгарците. Иако, Стефан ја наметнал својата моќ во Придунавие, некои делови од Унгарија сè уште не биле под негова власт. thumb|десно|180px|Статуа на кралот Иштван I и кралицата Гизела во Веспрем (Унгарија)
Според унгарската традиција, папата Силвестер II со согласност на царот на Светото Римско Царство Отон III испратил величествена круна накитена со злато, намената за Стефан, со апостолски крст и писмо со благослов, со кое официјално бил признат како христијански крал на Унгарија. Подоцна, оваа традиција била толкувана како папско признавање на независноста на Унгарија од Светото Римско Царство. Точниот датум на неговото крунисување е различно претставен, некаде Божиќ во 1000, а некаде 1 јануари 1001.
Стефан I е тесно поврзан со Светата круна, наречена и Доктрина на светата круна, што создава единствена традиција на кралството Унгарија. Според Хартвишката легенда, за време на неговата коронација, Стефан се посветил на круната со света невиност, со тоа запечатувајќи го договорот меѓу Бог и круната (оттаму потекнува изразот „света круна“). Овој договор, исто така претставува основа за Доктрината на светата круна и основа за апостолското кралство Унгарија. Денешната круна, која денес опстијува, најверојатно никогаш не била носена од кралот, бидејќи истата потекнува од 12 век, иако нејзиното потекло е спорно.
Прв крал на Унгарија thumb|лево|150px|Статуата на кралот Иштван во неговиот роден град Естергом Според влијателната Илустративна хроника, првиот крал на Унгарија бил Атила. Но, и покрај тоа, во хрониките пишува дека Иштван I исто така се смета за прв крал на Унгарија. Образложено е меѓу историчарите, благодарение на записите на Иштван во „Приговори до Емерик“, во кои е запишано: „Regale ornamentum scito esse maximum: sequi antecessores reges et honestos imitari parentos“, што се преведува како: „Најголемото дело за кралството е да се следат старите кралеви и да се имитираат родителите“; ова значи дека Иштван се однесува на „старите кралеви“, коишто можеле да бидат само Атила и Нимрод. Ова исто така, би можело да значи дека уставот на кралството не бил донесен од Иштван, туку од неговите претходници.
Потврдено е дека, уште пред или нешто по неговата коронација, Иштван I основал неколку бискупии, како на пример, оние во Веспрем, Ѓер, Калоца, Вач и Бихар. Тој исто така ја основал и Естегромската архиепископија, со што создал организација независна од германските архиепископи. Иштван започнал да организира и територијално управување, основајќи неколку грофовии (comitatus, megye) во неговото кралство.
Иштван ги отфрлил паганските обичаи и го засилил христијанството со бројни закони. Во неговиот прв декрет, издаден во почетокот од неговото владеење, тој наредил секои 10 села да изградат заедничка црква. Тој повикал странски свештеници во Унгарија, за да го покрстат населението во неговото кралство. Како негов надгледник служел светиот Астрик, а како воспитувач на својот син Емерик, Иштван го назначил свети Герард.
Околу 1003, Иштван ја нападнал и освоил Трансилванија, која била под контрола на неговиот вујко Ѓула. По оваа победа, Иштван основал бискупија во Трансилванија. Во следните неколку години, тој ги освоил и териториите на Црните Унгарци во јужниот дел на Придунавие и таму ја формирал Печката бискупија. Кратко потоа, се верува дека склучил сојузништво со Самуел Аба, водач на кабарските племиња, населени во регионот Матра. Самуел се оженил со сестрата на Иштван, а подоцна станал третиот крал на Унгарија. На овој простор, Иштван ја основал Егерската бискупија.
Иштван ги окупирал и областите под власт на Ахтум, кој владеел на територијата на денешен Банат. На тоа место, тој ја основалч Чанадската бискупија.
Надворешна политика 220п|мини|Иштван го заробува Ѓула (Илустрирани хроники), 1360 Иштван водел надворешна политика, склучувајќи сојузништво со Хенрик II Светиот против принцот Болеслав I, кој ја проширил својата власт над териториите на просторот меѓу реките Морава и Вах. Иштван испратил трупи до царската војска, и по Будишинскиот мир во 1018, полскиот принц морал да му отстапи територии.
Кратко потоа, Иштван испратил трупи и му помогнал на Болеслав I во неговиот поход против Киевска Русија. Во 1018, Иштван ја предводел војската против македонското царство, како сојузник на византискиот цар Василиј II Македонецот и собрал неколку реликвии за време на својот поход.
По смртта на Хенрик II (3 јули 1024), Иштван го прекинал германското сојузништво, бидејќи новиот цар на Светото Римско Царство Конрад II ја потврдил доминацијата над кралството Унгарија, додека Иштван ја побарал грофовијата Баварија за својот син Емерик, кој бил најблискиот роднина на покојниот Хенрик II. Во 1027, Иштван го уапсил Вернер Стразбуршки, кој бил испратен како гласник од страна на царот Конрад II во Византија. Во 1030, царот ја предводел својата војска против Унгарија, но трупите на Иштван го одбиле нападот. Примирјето од оваа војна било склучено во 1031, а териториите меѓу реките Леита и Фиша ѝ биле доделени на Унгарија.
Мисионери и имигранти мини|десно|240п|Кралот Свети Иштван на банкнота од 10.000 форинти За време на владеењето на Иштван, бројни мисионери од западна Европа и Византија дошле во Унгарија. Редот на Бенедиктинците бил првиот, кој се проширил и во Унгарија. Секој манастир во земјата не бил само религиозен центар, туку и центар на цивилизацијата. Монасите го исистиле просторот на шумите, ја култивирале земјата и ги оградиле населените места во кои доаѓале колонисти. Мисионерите од западноевропските земји ги учеле Унгарците на нивниот начин на живот, на водењето на домаќинството во нивните земји и на организацијата на земјоделството, иако нивна главна цел било покрстувањето на населението. Венецијанските свештеници ја наметнале латниницата како официјално писмо на унгарскиот јазик.
Покрај монасите и мисионерите, во Унгарија дошле и многу трговци и занаетчии, а имиграцијата во земјата била особено забрзана со епидемијата на болести во другите делови на Европа.
Последните години 180п|мини|Статуа на кралот на Мишколц Иштван настојувал да се повлече од својата функција до крајот на животот и власта да му ја препушти на синот Емерик, но Емерик бил повреден во ловечка несреќа и умрел во 1031. Зборовите на Иштван во знак на жалост биле: Смртта го зема според смртната одлука на Бог, но лошотијата нема да ја смени неговата душа и погрешните воображувања нема да го измамат неговиот разум - како што книгата на мудроста учи за раната смрт.
За загубата на синот, Иштван жалел долго време, што влијаело врз неговото здравје. Тој се помирил, но никогаш повеќе не ја вратил својата природна виталност. Останувајќи без деца, не можел да најде некој меѓу неговите роднини, кој би бил способен да владее со земјата до тој степен, одржувајќи го христијанскиот дух на нацијата. Тој не сакал да му го довери кралството на неговиот братучед, грофот Вазул, кој според него ги почитувал паганските обичаи. Занемарениот гроф бил дел од обидот за убиство на Иштван, кој бил безуспешен, а Вазул ги изгубил очите и ушите. Неспособен да избере наследник, кралот Иштван починал на празнувањето на успението на Пресвета Богородица (28 август/15 август) во 1038 година во Секешфехервар, каде што и бил погребан. Неговата великодушност и дела се вели дека биле сожалувани во наредните 3 години.
Наследство 180п|десно|мини|Свети Стефан од Унгарија По смртта на Иштван, неговиот внук, Петар Орсеоло, и неговиот зет, Самуел Аба, се бореле за кралската круна. Поминале 9 години, откако неговиот братучед Андраш I бил крунисан за крал на Унгарија во 1047, обновувајќи ја династијата на Арпадовците. Според унгарската историографија, Петар и Самуел се членови на династијата Арпадовци и двајцата се сметаат за кралеви од оваа династија.