Ова е статија само за историјата на САД. За историјата на копното Америка, погл. Историја на Америка

мини|десно|350п|Територијално проширување на Соединетите Држави од 1776 до 1959 г. Укажана е годината кога државата станала сојузна членка. Историјата на САД се смета дека започнува кога луѓето преминале преку Беринговиот Проток во она што денес е Алјаска. Никој не е сигурен кога почнале тие преселби, а неодамнешните проценки укажуваат дека почнале пред 14.000 - 16.000 години.Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 9, Штрк, Скопје 1999 г. ISBN 9989-662-22-3

Претколумбовски период thumb|upright|Свештеник од Мисисипи

Народите северно од Мексико, и во земјите што станале Соединети Американски Држави, имале свои цивилизациски и политички системи. Источната третина од она што сега се САД, во најголем дел била покриена со шуми и населена со Индијанци. Многуте племиња од таа област се занимавале со земјоделство, лов и робилов, како и собирање на плодови. Градот Кахокија (близу денешен Сент Луис) бил голем трговски центар. На својот врв, во 1200 година, имал 40.000 жители.

Многу од племињата што живееле источно од реката Мисисипи биле поврзани меѓу себе со заеднички јазик. Најголемата од овие јазични групи се состоела од племињата Алгонкинци, кои живееле по атлантскиот брег од Канада до Вирџинија; Ирокеската Конфедерација, со центар во она што е денес државата Њујорк; и Максогинците, кои се состоеле од племињата на најјужната област на источното крајбрежје. Сојузите меѓу нив не биле силни, затоа што луѓето од двете Америки не се замислувале како дел од иста цивилизација.

Во последните векови пред доаѓањето на Европејците, домородните Американци преживувале земјоделска револуција. Сè повеќе се напуштал номадскиот начин на живеење, а племињата останувале на едно место, развивајќи општествени обичаи и ритуали. Религијата била многу важна за индијанските општества. Домородните Американци обожувале многу богови, кои ги поврзувале со жетвите, дивечот, шумите, реките и другите елементи на природата.

Откривање и колонизирање на Америка

мини|десно|Бродот „Мајски Цвет“ кој ги донел првите англиски доселеници во Новиот Свет Пред XV век Европејците воопшто не знаеле за постоењето на Америка. Значајниот пораст на европското население создал услови Европејците да бараат нови земји за колонизација или за трговија. Првите авантуристи започнале со ширење на егзотични приказни за чудни светови, носејќи од таму егзотични блага. Така, во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на поморскиот пат за Индија. Тој најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6 септември тргнал на пет неделно патување по Атлантскиот Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното.

Колумбо сметал дека стигнал до Индија, па затоа луѓето што ги нашол таму ги нарекол Индијанци, односно поточно Индијци. Тие го пречекале Колумбо со најголеми почести, а тој тоа го искористил, па на враќање во Шпанија ги наполнил бродовите со богатство.

Шпанска колонизација Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот Свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба на територијата на денешните Соединети Држави.

Шпанците биле првите Европејци кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкес де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.

Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Холандска колонизација Холанѓаните во XVII век ја основале својата колонија наречена Нова Холандија, на источниот брег од Северна Америка. Опфаќала делови од денешен Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Делавер и Пенсилванија. Главен град бил Нов Амстердам, кој се наоѓал на јужниот дел од островот Менхетен, крај Њујоршкиот Залив, кој потоа е прекрстен во Њујорк.

Француска колонизација Територијата која ја колонизирале Французите во Северна Америка во 1712 година (пред договорот од Утрехт) се протегала од Њу Фаундленд до Роки Маунтаин, и од заливот Хадсон до заливот Мексико. Територијата била поделена на пет колонии, секоја со своја администрација: Канада, Акадија, Хадсон, Њуфаундленд и Луизијана.

Англиска колонизација thumb|right|Таинствениот натпис „Croatoan“ Првиот документиран контакт на Англија со Новиот Свет дошол само пет години по шпанскиот. Во 1497 година, Џон Кебот отпловил до североисточниот брег на Северна Америка под покровителство на кралот Хенри VII. Но, поминале речиси сто години пред Англичаните да направат сериозни напори за да основаат колонии. На некои Англичани Новиот Свет им изгледал привлечно, бидејќи нудел нешто што во Англија тешко се наоѓало: земја.

Првата постојана англиска населба била основана во Џејмстаун, Вирџинија, во 1607 година. Претходните триесет години, Англичаните безуспешно се обидувале да основаат колонии. Најнеобична е приказната за обидите да се основа град на островот Роанок, денес Северна Каролина. Во 1587 година, Волтер Рали испратил експедиција на Роанок која вклучувала: 91 маж, 17 жени (2 од нив бремени) и 9 деца. Набрзо по пристигнувањето, една од жените родила ќерка, Вирџинија Дејр, која се смета за прво дете од англиски родители родено во Америка. Командантот на експедиција, Џон Вајт, се вратил во Англија по уште доселеници, но поради војната со Шпанија, не можел да се врати во Роанок цели три години. Кога во 1590 година стигнал во Роанок, го нашол островот сосема опустен, без никакви знаци за судбината на доселениците што ги оставил таму. Исклучок бил таинствениот натпис „Croatoan“, изрезбан на столб.Ален Бринкли, Историја на САД, Скопје, Штрк, 1999, стр. 29. ISBN 9989-662-22-3 Никогаш не било најдено решение на мистеријата за „изгубената колонија“.

Африкански дојденци Повеќе од половината од сите доселеници во Новиот Свет меѓу 1500 и 1800 година биле Африканци, испраќани во Америка против своја волја. Повеќето од нив биле земени од големиот регион во Западна Африка под пустината Сахара, познат како Гвинеја. Како што трговијата со робови станувала пораширена и поусовршена, така станувала и пострашна. Во почетокот на XVIII век колонијалните собранија почнале да усвојуваат „ропски кодекси“. Само еден фактор решавал дали едно лице подлежи на ропскиот кодекс: бојата. До пред крајот на XIX век, присилно биле донесени 11 милиони Африканци во Северна и во Јужна Америка, и на Карибите.

Борба за континентот Сè до 1750-ти години, британските Американци не се противеле да бидат членови на Британската Империја. Но, кон средината на 1770-те години, односите меѓу американските колонии и нивните британски владетели станале толку напнати, што империјата била на работ на распаѓање. Градењето на патиштата, меѓусебната трговија и поштенската служба ги јакнеле меѓуколонијалните врски, но колониите не соработувале меѓу себе, дури ни кога во 1754 година се соочиле со своите стари соперници Французите и нивните индијански сојузници. Војната што беснеела меѓу Британија и Франција од 1755 до почетокот на 1760-те години во Северна Америка, била дел од борбата за доминација на светската трговија. Британската победа во таа борба, позната во Европа како Седумгодишна војна, ја потврдила британската трговска супремација.

Француско-индијанската војна right|thumb|175px| Придружи се или умри: политичка карикатура од 1756 година, идеја на Бенџамин Франклин. Француската и индијанската војна траела близу девет години. Во првата фаза, тоа бил само локален северноамерикански конфликт. Англиските колонии се насочиле главно на одбрана од индијанските напади од долината на Охајо. Речиси сите племиња освен Ирокезите, биле во сојуз со Французите.

Втората фаза на борбата почнала во 1756 година, кога владите на Англија и Франција и формално ги започнале непријателствата, и почнал вистинскиот конфликт (Седумгодишната војна). Борбите сега се прошириле во Индија и во самата Европа. Но, главната борба била во Северна Америка.

Во 1758 година, Вилијам Пит, англиски државен секретар (и иден премиер) ја почнал третата и последна фаза на војната и испратил голем број британски трупи во Америка. Драматичното паѓање на Квебек, на 13 септември 1759 година, го означило почетокот на крајот на американската фаза на војната. Една година подоцна, француската војска се предала во Монтреал.

Мирот конечно дошол во 1763 година, со Мирот од Париз, според кој Французите ѝ препуштиле на Велика Британија дел од своите колонии во Индија и во Канада, и целата француска територија во Северна Америка источно од Мисисипи. На Шпанија ѝ го препуштиле Њу Орлеанс и деловите западно од Мисисипи. Племињата кои биле во сојуз со Французите сега го предизвикале непријателството на Англичаните. Ирокеската Конфедерација, која била во сојуз со Британија поминала малку подобро, иако Англичаните на нивната пасивност гледале како на дволичност.

Во 1763 година, британската влада, предводена од кралот Џорџ III, издала решение „Прокламација од 1763 година“ со што им се забранувало на доселениците да напредуваат подалеку од планините што го одделувале атлантскиот брег од внатрешноста. Оваа Прокламација на Лондон му давала повеќе власт и контрола отколку на провинциските влади. Актот за шеќерот од 1764 барал да се казнуваат криумчарите на шеќер; актот за парите од 1764 барал колониите да престанат да издаваат книжни пари; актот за печатот од 1765 година наметнал такса за секој печатен документ во колониите: весник, алманах, памфлет, документи за пренос на земјата, тестаменти и друго. Набрзо, британските функционери собрале десетпати повеќе приходи и даноци од Америка отколку пред 1763 година, но во Америка ова биле непопуларни закони.

Во Масачусетс, Џејмс Отис ги убедувал своите колеги членови на колонијалното собрание да свикаат меѓуколонијален конгрес за да преземат акција против новите даноци. Конгресот се состанал во Њујорк со делегати од девет колонии, и испратиле петиција до кралот и до Парламентот. Во меѓувреме, неколку градски банди почнале да го земаат законот во свои раце. Во летото 1765 година избувнале сериозни безредија, а најолемото од нив во Бостон. Кралот конечно потклекнал пред барањата: актот за печат бил укинат, но биле воведени нови видови даноци - царини за разни производи увезувани во колониите од Англија. Бостонските трговци го презеле водството во организирање на уште еден бунт, во кој им се придружиле и трговците од Филаделфија и Њујорк. Колонистите ги бојкотирале британските стоки на кои се плаќала царината.