Зузана Тополињска (; р. ) — полски полонист, македонист, универзитетски професор и член на Македонската академија на науките и уметностите.
Животопис
Академик Зузана Тополињска е родена на 2 јануари 1931 година во Варшава, Полска. Во 1944 година таа се отселила од Варшава и завршила средно образование во Келце во 1948 година. На Универзитетот во Лоѓ дипломира полска филологија, додека во 1964 година докторира на тема полско-поморски дијалекти. Подоцна Тополињска станува редовен универзитетски професор. Покрај професорската професија, Тополињска работи со Полската академија на науките со кои издаваат трудови за полските и кашупските дијалекти. Во периодот од 1964 до 1968 година, Тополињска започнува да работи на студијата „Синтаксата на македонскиот стандарден јазик. Подоцна, во 1983 година ја објавува полската граматика.
Тополињска се преселува во Македонија каде во периодот од 1983 до 1999 работи како професор-гостин на Катедрата за славистика про Филолошкиот факултет во Скопје. Како редовен член на МАНУ е узбрана на 20 јуни 1996 година. Тополињска станува раководител на новооснованиот Истражувачки центар за ареална лингвистика при МАНУ. Акад. Тополињска е активен член на две Меѓународни комисии на Меѓународниот комитет на славистите (МКС): Комисија за Општословенски јазичарички атлас и Комисија за истражување на граматичките структури на словенските јазици. Во 1997 година таа е избрана за „doctor honoris causa“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Публикации
Меѓу останатите, Тополињска ги има објавено следните дела:
Атлас на кашупските и соседните полски дијалекти A historical phonology of the Kashubian dialects of Polish, The Hague-Paris, 1974 Синтакса на македонскиот стандарден јазик Studia Linguistica Polono-Meridianoslavica, списание Меѓународни јазичарички атласи Дијалектите на македонскиот јазик
Награди и признанија
Орден на знамето на Југославија (1990) Doctor honoris causa на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје (1997) Doctor honoris causa на Универзитетот во Вроцлав (2016)
Наводи
Поврзано Македонистика Полонистика
Категорија:Полски македонисти Категорија:Полонисти Категорија:Полски слависти Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите