thumb|right|„Ромео и Јулија“ — сцената на балконот од Форд Медокс Браун (1870)
„Ромео и Јулија“ (англ. Romeo and Juliet) — трагедија на Вилијам Шекспир во која се работи за двајца млади љубовници чија предвремена смрт засекогаш ги обединува нивните скарани семејства. „Ромео и Јулија“, заедно со „Хамлет“, се вбројува меѓу најпознатите Шекспирови дела, а двајцата главни ликови се сметаат за архетип на млади љубовници. „Ромео и Јулија“ спаѓа во родот на антички љубовни трагедии. Заплетот во трагедијата е заснован на италијанска приказна, препеана во стихови во делото „Трагичната историја на Ромео и Јулија“ на Артур Брук (Arthur Brook) во 1562 г., а потоа преработена во проза во делото „Палатата на задоволствата” на Вилијам Пејнтер во 1582 г. Шекспир, главно ја пишувал трагедијата врз основа на двете дела, но додал и споредни ликови, како Меркуцио и Париз, со цел да го прошири заплетот. Трагедијата е напишана меѓу 1591 и 1595 г.,а за првпат била објавена во кварто верзија во 1597 г. Оваа верзија била со лош квалитет, но подоцна со поновите верзии таа сè повеќе наликувала на Шекспировиот оригинален текст. Шекспировата драматична структура, особено ефектите со помош на кои преминувал од комедија во трагедија до зголемена тензија, поголемата застапеност на споредните ликови, и споредните заплети и дејствија со цел да ја разубави приказната, сето тоа претставувало ран знак за неговата неверојатна драматична вештина. Драмата содржи различни поетски форми за различните карактери, понекогаш и формите се менуваат како што се развиваат ликовите. Ромео и Јулија е изведувана повеќепати на сцена, и адаптирана за мјузикл и опера.
Ликови Дејствието во драмата се одвива во Верона, а во драмата се појавуваат следниве ликови:Gibbons (1980: 80); Levenson (2000: 139-140); Spencer (1967: 51-52). This section lists only the major and supporting characters. The play also has numerous supernumaries: further servants of Capulet (two of them named Antony and Potpan), musicians (three of them named Simon Catling, Hugh Rebeck and James Soundpost), watchmen, citizens of Verona, masquers, torchbearers and pages. Paris' page is a minor speaking role, as is Capulet's cousin, an old man. Levenson renders Abram as "Abraham". Rosaline is an important unseen character, and as such does not appear in any cast list. Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 16.
Куќата на Капулети Грофот Капулети - глава на семејството Капулети г-ѓа Капулети - жена на гродот Капулети Јулија (Џулиета) - ќерка на Капулети и главен женски лик Тибалт - роднина на Јулија и внук на г-ѓата Капулети Дадилката - дадилка и доверливо лице на Јулија Петар, Самсон и Грегорио - слуги во домот на Капулетите Видни луѓе во Верона принцот Ескалус - принцот од Верона гроф Парис - роднина Ескалус, кој сака да се ожени со Јулија Меркуцио - сонародник на Ескалус и пријател на Ромео.
Куќата на Монтеки Грофот Монтеки - глава на семејството Монтеки г-ѓа Монтеки - жена на грофот Монтеки Ромео - син на Монтеки и главен машки лик Бенволио - роднина и пријател на Ромео. Аврам (Абрахам) и Балтазар - слуги во домот на Монтеки
Други Старецот — роднина на грофот Капулети Отец Лоренцо (Лаврентиј) - францискански монах и доверливо лице на Ромео. Хор - го пее прологот на првиот и на вториот чин. фратарот Џовани (Јован) - францискански монах кој не успева да му го однесе на Ромео писмото од фратарот Лаврентиј. Аптекарот - неволно му го продава отровот на Ромео. Розалина - лик кој не се појавува во драмата, во кој е вљубен Ромео пред да ја сретне Јулија. Други ликови: тројца музичари, пажот на Парис, уште еден паж, офицер, граѓани, роднини на Капулети и на Монтеки, луѓе под маски, чувари, стражари, слуги и придружници.
Ромео, иако е многу млад, зад себе има едно горчливо „љубовно искуство“ (невозвратената љубов кон Розалина), но поседува и завидна вештина на мечувалец (штом толку лесно го прободува Тибалт). Младоста се огледува во неговото неодговорно држење и дрскоста со која оди маскиран на забавата кај смртниот семеен непријател. Кога првпат ја здогледува Јулија, тој започнува духовит разговор и го дава првиот залог на љубовта (бакнежот). Истовремено, по првата тага поради невозвратената љубов од Розалина, средбата со Јулија кај него предизвикува уште поголемо страдање, кое подоцна се претвора во трагедија: барајќи излез од безизлезната состојба, со помош на монахот, Ромео започнува многу ризична игра во која тој е готов да прифати сè. Притоа, активниот Ромео е носител на несреќата: активно се залага за помирување на Тибалт и Меркуцио и тогаш Меркуцио е убиен поради него, а едне миг подоцна, тој го убива Тибалта. По тој настан, Ромео се повлекува во пасивност, исчекувајќи го исходот од активностите на другите. А кога повторно ќе се активира, најпрвин го убива Парис (иако воопшто не ја посакува неговата смрт), а потоа се убива себеси, со што ја убива и својата сакана.Георги Сталев, „За една вечна присутност“, во: Вилијам Шекспир, Ромео и Џулиета. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 185-186.
Јулија, која има само 14 години, зачудува со својата зрелост: таа искажува неверојатно длабоки размислувања и се одликува се духовита елоквентност, семантички игри и поезија „над нивото“ на нејзината возраст. Инаку, постои мислење дека, погрешно читајќи го бројот XVI како XIV, Шекспир ја подмладил Јулија за две години. Во секој случај, иако е дете, неа ја подготвуваат за мажење. Првата вест за нејзината мажачка со Парис, таа ја прима без никаква возбуда и токму затоа толку просто ја прифаќа првата игра со маскираниот Ромео, а кога дознава дека тој е синот на нивниот семеен непријател, тоа само ја зголемува нејзината љубов кон него. Притоа, Јулија станува второто јас на Ромео и готова е да се откаже од својот род само да биде негова. Наспроти младоста, Јулија изненадува со својата дарежливост кон Ромео и во својата решителност веднаш да побара брак. Потоа, таа се повлекува во пасивност, препуштајќи се во рацете на Ромео и на отецот Лаврентиј од кого очекува спас за својата положба. Нејзината верба во Ромео е поколебана само за миг, кога дознава за смртта на Тибалт, но тоа трае многу кратко, зашто таа сфаќа дека станала дел од битието на Ромео.Георги Сталев, „За една вечна присутност“, во: Вилијам Шекспир, Ромео и Џулиета. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 184-187.
Во однос на другите ликови, Парис е само епизода во животот на Јулија, зашто тој е повеќе присутен само поради инсистирањето на грофот Капулети. Меѓутоа, колку и да се случајна неговата љубов кон Јулија, на прв поглед тој погинува за неа, но всушност погинува поради својата суета — да не му го отстапи правото на другиот. Отецот Лаврентиј се впушта во деликатна игра со најблагородна намера, но на крајот, токму тој е виновник за смртта на двајцата млади љубовници. Сепак, којзнае дали и без неговата замисла, љубовта меѓу Ромео и Јулија би можела да заврши поинаку, имајќи предвид дека тие не наидувата на разбирање кај никого. Интересен е и ликот на дадилката која не е ни вистинска слугинка ни вистински член на семејството. Но, таа не е оној ренесансен тип кој е носител на заплетите и расплетите. Таа е присутна за да ја одржува конспиративноста, да прави помали услуги, но од неа не може да се очекува помош. Покрај другите споренди ликови (слугите Самсон, Петар итн.), дадилката е носителка на хумористичните реплики во драмата. Меркуцио е немирен дух, типичен претставник на ренесансен, разуздан млад човек кој е секогаш подготвен за борба и затоа паѓа убиен од раката на Тибалт. Бенволио е помирољубив од почит кон својот пријател Ромео или поради строгата заповед на кнезот. Тибалт е лик кој потекнува од мрачното феудално минато, олицетворение на дрскост, па и на подлост и подмолност поради што е „предопределен“ да биде негативец до самиот крај. Иако е малку присутен во дејствието, тој е најнепомирливиот човек во состојбите кога би требало да се смируваат страстите. Тој не е плашливец, но не бира средства како ќе го уништи својот противник.Георги Сталев, „За една вечна присутност“, во: Вилијам Шекспир, Ромео и Џулиета. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 187-188.
Кратка содржина thumb|left|„Последниот бакнеж на Ромео и Јулија“ од Франческо Ајец (1823)
Во прологот, хорот раскажува дека во Верона живеат две стари и угледни семејства кои долго време се во непријателски односи чии деца се заљубуваат меѓусебно, но нивната љубов завршува со смртен крај.Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 17.
Прв чин Дејствието започнува со улична расправија меѓу Монтеките и Капулетите. Доаѓа принцот од Верона и им вели дека доколку продолжат да го кршат законот ќе бидат казнети со смртна казна. Подоцна, грофот Парис го прашува г-динот Капулети дали ќе му ја даде неговата ќерка за жена, но тој се двоуми бидејќи Јулија има само тринаесет години. Го моли грофот да почека уште две години и го поканува на бал „под маски” кој ќе се одржи во неговиот дом. Г-ѓата Капулети и дадилката ја убедуваат Јулија да го прифати додворувањето на грофот Парис. По завршувањето на уличната расправија, Бенволио разговара со неговиот роднина Ромео, синот на г-динот Монтеки, за неговата тага. Причина за Ромеовата депресија е невозвратената љубов од девојка по име Розалина, една од внуките на г-динот Капулети. Ромео, наговорен од Бенволио и Меркуцио, оди на балот во домот на Капулетите со надеж дека ќе ја види Розалина. Меѓутоа, таму, Ромео ја здогледува Јулија, ја бакнува и двајцата веднаш се заљубуваат еден во друг.Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 19-63.
Втор чин По завршувањето на балот, настапува таканаречената „сцена на балконот”, при што Ромео се прикрадува во дворот на Капулетите и ја гледа Јулија на балконот, која му се колне на вечна љубов и покрај омразата која што постои меѓу нивните семејства. Тогаш, Ромео и Јулија одлучуваат да се венчаат. Утредента, тие се среќаваат во црквата каде што треба да ги венча фратарот Лоренцо, кој се надева дека ќе ги помири двете семејства преку венчавката на нивните деца.Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 64-104.
Трет чин Роднината на Јулија, Тибалт, го предизвикува Ромео на двобој, но тој одбива да се бори. Меркуцио му се лути на Тибалта за неговата дрскост, како и на Ромео за неговото толку лесно предавање,Romeo and Juliet, III.i.72. и тој го прифаќа двобојот на Тибалт. Меркуцио е тешко ранет и набргу умира, а Ромео, потресен од пријателовата смрт и бесен на себеси, го убива Тибалта. На местото на борбата пристигаат кнезот и група граѓани и кнезот го протерува Ромео од Верона поради убиството, заканувајќи се дека доколку се врати во градот, тој ќе биде убиен. Дадилката ја известува Јулија за смртта на Тибалт и за прогонството на Ромео. Во меѓувреме, тој се крие кај отецот Лоренцо, кој му ја соопштува пресудата на кнезот. Ромео е очаен бидејќи казната ќе го раздели од саканата и сака да се убие, но отецот и дадилката го спречуваат. Лаврентиј го советува да ја мине ноќта заедно со Јулија и изутрината да побегне во Мантова, каде ќе се крие додека не се објави веста за неговиот брак со Јулија. Во таа прилика, дадилката му го дава прстенот што му го подарува Јулија. За тоа време, Парис го посетува грофот Капулети, кој, не земајќи ја предвид болката на Јулија, му дава дозвола да ја земе за жена и ја закажува венчавката за неколку дена. Ромео и Јулија тајно ја минуваат ноќта заедно и се разделуваат во зората. Кога родителите ѝ ја соопштуваат одлуката да ја омажат за Парис, Јулија одбива, а татко ѝ се заканува дека ќе се одрече од неа, ако не го прифати бракот. Јулија ја моли мајка си да го одложи бракот, но и таа ја одбива, а, исто така, и дадилката ја советува да го заборави Ромео и да се омажи за Парис. Без поддршка од најблиските, Јулија решава да побара совет од отецот Лоренцо.Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 105-152.
Четврти чин