Томас Круз Мапотер IV (англиски: Thomas Cruise Mapother IV; роден на 3 јули 1962), подобро познат по неговото филмско име Том Круз — американски глумец и филмски продуцент. Магазинот Forbes го класифицираше како најславна личност во светот во 2006 година. Тој беше номиниран за три оскари, и освои три Златни Глобуси. Неговата прва водечка улога беше во 1983 година во филмот „Ризични бизниси“. По одигрување на улогата на херојски поморски пилот во популарниот и финансиски успешниот филм „Топ ган“, Круз продолжи во овој стил глумејки таен агент во трилогијата на акциони филмови „Невозможна Мисија“ во 1996, 2000 и 2006 година. Покрај овие херојски улоги, тој исто играше и други улоги, како на пример женомрзечки машки гуру во филмот „Магнолија“ (1999) и ладен и пресметлив социопат и платен убиец во крими-трилерот на Мичел Ман, „Колатерал“ (2004).

Во 2005 година економистот Едвард Џеј Епстејн изјави дека Круз е еден од ретките продуценти (покрај Џорџ Лукас, Стивен Спилберг и Џери Брукхеијмер) кои се способни да гарантираат успех на милијарда филмски лиценци. Од 2005 година, Круз и Паула Вагнер беа одговорни за филмското студио „Обединети артисти“, со Круз како продуцент и ѕвезда и Вагнер како генерален директор. Круз е исто така познат за неговата поддршка за приврзаност кон Саентолошката црква.

Семеен живот

Роден во Сиракуза, Њујорк, син на Мери Ли, специјален педагошки професор и Томас Круз Мапотер III, електричен инженер. Круз има германско и англиско потекло од неговите прабаба и прадедо од таткова страна, Вилијам Роберт и Шарлот Луис Вокер и ирско потекло од неговите прапрабаба и прапрадедо од таткова страна Томас О‘Мара. Томас, синот на О‘Мара бил тој што го присвоил името Мапотер, презимето од неговите постари полубраќа и станал Томас Круз Мапотер I. Најстарата сестра на Том Круз, Ли Ани е родена во Луисвил. Неговата постара сестра е родена во Сиракуза, како и Том и неговата помала сестар, Кас. Круз се школуваше во јавното училиште Роберт Хопкинс во трето, четврто и петто одделение. Семејството Мапотер тогаш се пресели во предградието во Бејкон Хил, во Глоучестер, Онтарио, така што таткото на Том работи како консултант во Канадските Вооружени сили. Таму, Круз го заврши шестото одделение во основно училиште Хенри Муро, дел од Министерството за образование во Карлетон, каде беше активен во атлетика, играње хокеј на под речиси секоја вечер, покажувајки се како безмилосен играч, конечно кршејки го предниот заб. Во играта „Британски Бул Дог“ тој го загуби неговиот нов заб и го повреди коленото. Во Хенри Муро тој исто така учествуваше во драма, под раководство на Џорџ Стеинберг. Првата претстава во која тој учествуваше беше наречена IT, во која Круз ја доби главната улога заедно со Мичел Де Вал, едниот играјќи го „Злото“, а другиот „Доброто“. Претставата беше воодушевено прифатена, и пет други соученици отидоа на турнеја во различни училишта во Отава, дури и се снимаше филм на локалната ТВ станица на Отава. Двете беа потпишани за верзија на Исус Христос Суперстар, како и во стилот на Маркел Меркуи. Во тој момент Мери Ли Мапотер ги поттикна амбициите на нејзиниот син во глумењето: кога религиозните конотации на првонаведениот предизвикаа загриженост за училишниот директор Џим Браун, мајката на Круз го убеди дека шоуто треба да продолжи и ја основа Gloucester Players, театарска група во која глумат Круз и неколку момчиња од класот на Стеинберг. Кога Круз имаше 12 години, неговата мајка го напушти неговиот татко, земајки го Круз и неговата сестра Ли Ани со себе. По долг период на сиромаштија, во која им помогна доставувачот на весници на Том, неговата мајка се омажи со продавачот на пластика Џек Саут. Покрај Отава, Круз живееше и во градовите Луисвил, Кентаки, Винетка, Илиноис и Вејн, Њу Џерси. Сè на сè, Круз учеше во осум основни училишта и три средни училишта. Неговата краткотрајна посета на Фрањевско богословие во Синсинати (со црковна стипендија) го поттикна да стане католички свештеник. Во последната година тој играше фудбал за универзитетскиот репрезентативен тим како голман, но беше исфрлен откако беше фатен како пие пиво пред натпреварот. Круз дипломираше на универзитетот Глен Риџ во Њу Џерси во 1980. Круз изјави дека бил злоупотребуван кога бил дете. Ова беше делумно поради негов ото страдање од дислексија. Тој изјави дека кога нешто ќе тргнало наопаку, неговиот татко се нафрлал врз него. За Parade Magazine тој изјави дека неговиот татко е насилник и дилер. Тој научил од својот татко дека не може да им се верува на сите: „Јас знаев дека не секој ми мисли добро“. Менувајки преку 15 училишта на 12 години, Круз, кој се откажал од татковото име на дванаесетгодишна возраст, беше исто така жртва на насилство во училиштетото. Круз започна со глумење по отстранувањето од неговиот боречки тим од средното училиште поради повреда на коленото. За време на повредата, тој успешно учествуваше на аудицијата за главната улога во продукцијата од среднот училиште „Момчиња и Кукли„ и одлучи да стане глумец по неговиот успех со улогата. Неговиот братучед Вилијам Мапотер е исто така глумец познат по играјќи го Итан Ром во серијата Изгубени.

Холивуд

1980-ти

Првата филмска улога на Круз беше во 1981 година, кога имаше мала улога во Бескрајна љубов, драма/романса во која главната улога ја играше Брук Шилдс. Подоцна истата година тој имаше позначајна улога во филмот Taps, глумејки заедно со Џорџ Скот, Тимоти Хутон и Шон Пен. Филмот за воените кадети не беше баш успешен. Во 1983 година, тој беше еден од многуте тинејџерсски ѕвезди кој се појави во Странци. Глумечката екипа за овој филм ја сочинуваа Роб Лов, Мет Дилан, Патрик Шваијз и Ралф Мачо, од кои двајца беа дел од Банда. Истата година Круз се појави во тинејџерската комедија Опушти се. Пробивот на Том Круз се случи по реализирањето на Ризични Бизниси, кој му помогна да се прослави. Една секвенца во филмот, во која се појавува Круз повторувајки ги зборовите на Боб Сегар ’’Олд Тајм Рок енд Рол’’ во неговата долна облека, постана симболичен момент во 1980 година. Филмот беше опишан како класична ’’Генерација Х’’ и создавање на кариера за Круз. Четвртиот филм кој беше реализиран во 1983 беше средношколска фудбалска драма "Сите правилни чекори". Следниот филм на Круз беше во 1985 беше филмот Легенда режиран од Ридли Скот. Круз беше избран како прв избор на продуцентите Џери Брукхаијмер и Дон Симпсон за престојниот Американски филм со ловец пилот. Круз отпрвин изгледа го одбил проектот, но помогнал да се измени сценариото што му беше дадено и да се развива филмот. Откако беше ангажиран за летот со Сини Ангели, Круз се предомисли и се пријави за преоктот. Проектот беше насловен Топ ган и се појави во мај 1986, постанувајки најфилм на годината, проценувајки 345 милиони американски долари во светски бројки. Исто така во 1986, тој глумел во филмот на Мартин Скорсезе ,,Бојата на парите", заедно со Пол Њуман, што му донесе Оскар за Најдобар глумец. Во 1988, тој глумеше во веселата драма Коктел, кој наиде на измешани критики и Круз ја доби првата номинација за (?) во 1989. Подоцна истата година беше прикажан Дождовен човек, во кој исто така глумеше Дастин Хофман и беше режиран од Бари Левисон. Филмот беше пофален и номиниран за 8 Оскари, од кои освои 4, вклучувајќи ги за Најдобар филм и Најдобар глумец.

1990-ти

Ѕвездата на Том Круз на Холивудскиот пат до славата

Круз беше пречекан со слични успеси кога доби номинации за Оскар за филм на Оливер Стоун ,,Роден на 4 јули" кој беше заснован на автобиографијата бестселер на параплегичниот ветеран и антивоен активист Рон Ковик. Во 1990, Круз глумеше возач на тркачка кола во филмот на Тони Скот ,,Денови на Бура". Следниот филм на Круз беше “На сите страни“ на Роб Ховард каде повторно глумеше со Никол Кидман. По Денови на Бура тој глумеше во воениот трилер Неколку Добри Луѓе со Џек Николсон и Дему Мур. Филмот беше многу добро прифатен и Круз доби Златен Глобус и номинации на MTV. Следната година тој глумеше во филмот „Фирмата" на Сидни Полак заедно со Џен Хикман и Ед Харис. Беше роман бестселер на Џон Грисом, и освои награда од публиката за омилен филм. Во 1994, Круз глумеше заедно со Бред Пит, Антонио Бандерас и Кристијан Слотер во „Интервју со вампирот" на Неил Џордан, драма /хорор филм заснован на роман-бестселер на Ани Рајс. Филмот беше добро прифатен, иако Рајс отворено критикуваше за доделувањето на улогата на Круз, бидејќи нејзиниот прв избор бил Ривер Фоникс. Во 1996, Круз глумеше (исто така се појавува како продуцент) во филмот на Брајан де Палма „Невозможна мисија". Филмот, римејк на ТВ сериите од 1960, доби 456 милиони, правејќи го трет најфилм таа година. Истата година тој ја играше главната улога во комедијата на Џери Магиур. Филмот му донесе номинација за Оскар за Најдобар глумец, а филмот беше номиниран за пет Оскари. Филмот исто така ја вклучуваше популарната фраза „Покажи ми ги парите !„ која постана дел од урбаната култура. Во 1990 тој глумеше во еротичниот трилер „Очи широко затворени" за кој беа потребни две години да се заврши и беше последен филм на Стенли Кубрик. Исто така беше последниот филм во кој глумеше заедно со Никол Кидман. Но филмот, кој директен опис на сексуален и нејасен раскажувачки стил, предизвика големи контроверзии. Круз исто така играше женомрзечки машки гуру во Магнолија (1999) за што доби номинација за Оскар за Најдобар глумец во споредна улога. Тој прво беше наменет да го игра Џерико Кан во акциониот хорор филм „Крај на животот" пред Арнолд Шварценер да ја преземе главната улога.

2000-ти

Во 2000 година, Круз се врати како Итан Хант во второто продолжение на филмовите од „Невозможна мисија“. Филмот беше режиран од режисерот Џон Ву и се обележа со Кун Фу стилот, со што го продолжи успехот на блокбастер-серијата со голама заработувачка, вклучувајќи речиси 546 милиони долари во светски рамки. Следната година, Круз глумеше во римејкот на филмот на Абре Лос Ојос, „Небо од Ванила“ од 1997 година. Во 2002, Круз глумеше во научно–фанатстичниот трилер, „Извештај на мнозинството“, режиран до Стивен Спилберг и заснован на научнофанатастичната расказ на Филип К. Дик. И следната година, тој се појави во историската драма на Едвард Викс, „Последниот самурај“.

Во 2004 година во крими-трилерот „Колатерал“ на Мајкл Ман, Круз се сврте против неговата улога на ’’добро момче’’, и играше улога на социопат и платен убиец. Во 2005 Круз повторно соработуваше со Стивен Слилберг во филмот „Војна на Световите“, кој постана четвртиот филм со најголема заработувачка на годината со 591,4 милиони долари. Овој филм исто така доби три номинации вклучувајќи и една за Круз. Во 2006, тој повторно ја играше неговата улога на Итан Хант во третото продолжение на „Невозможна мисија“ - „Невозможна мисија 3“. Овој филм доби повеќе позитивни критики за разлика од неговиот претходник, и достигна голем успех, заработувајки околу 400 милиони долари. Во 2007 година сепојави во драмата „Лавовии и јагниња“, која успешно се одвиваше, и имашеспоредна улога во комедијата од 2008 година Тропска Бура. Последната главна улога на Круз е во историскиот трилер „Валкирија“ прикажан на 25 декември 2008 година.

Продуцентска кариера