Знаење (англиски: Knowing) е американски научна фантастика – филм од 2009 год. Алекс Пројас докажаниот холивудски режисер со египетско потекло беше избран за режисер на овој научно фантастичен акциски трилер. Сценариото го напиша Роберт Даглас Пирсон а како главен во глумечката екипа се појавува Николас Кејџ. Синопсис Режисерот нѐ враќа 50 години наназад, во 1958 година кога се случува еден чуден настан на свечената училишна церемонија. Учениците добиваат задача да нацртаат слики кои подоцна ќе бидат сместени во временска капсула. Но една мистериозна девојка наместо да црта, пишува бројки. По педесет години група ученици ја истражуваат содржината на капсулата, а листот со бројки завршува во рацете на младиот Калеб Костлер. Неговиот татко, професорот Џон Костлер само што ќе го погледне листот ќе сфати дека тоа е енкриптирана порака со датуми и координати на сите поголеми катастрофи кои се имаат случено во изминатите 50 години, како и предвидување за голема катастрофа која допрва ќе дојде. Џон тогаш ќе се обиде да ги предупреди властите, но тие не му веруваат. Така, тој решава самиот да преземе нешто бидејќи сосема е сигурен во вистинитоста на кодираната порака.

Глумечка екипа

Глумци ЛиковиНиколас Кејџ Проф. Џонатан КоестлерЧендлер Кантербури Калеб КоестлерРоси Бјурн Дијана ВејлендЛара Робинсон Лусинда Ембри / Аби ВејлендНадја Таунсенд Грејс КоестлерБен Менделсон Проф. Фил Бекмен

Филмски критики Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Ротен Томатоес

Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Американски филмови Категорија:Научнофантастични филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Николас Кејџ