Eiffel 65 беше Греми номиниран итало-диско бенд во доцните 90-ти години на 20 век кој потекнува од Италија. Нивна најпозната песна е Blue (Da Ba Dee) која го достигна првото место на многу поп-листи во Европа и светот. Нивни други познати песни се Move Your Body и Too Much of Heaven. Сите овие беа издадени во нивниот албум Europop во 1999 година. Членови на групата Eiffel 65 беа Jeffrey Jey, Maurizio Lobina и Gabry Ponte. Eiffel 65 се распадна во 2005 година.
Распаѓање на Eiffel 65
Во март 2005 година, Габри Понте се отцепа од бендот и се фокусираше на соло кариера. Во мај 2005 година останатите членови решија да продолжат заедно, но тие сакаа да се претставуват под ново име, не "Eiffel 65". Новиот албум на Eiffel 65 со име Crash Test кој беше при изработка за време на распадот на бендот, ќе продолжат да го работат двата члена но под новото име Bloom 06. Bloom 06 и до денес постои и тие прават иста музика како и порано.
Албуми
Europop (1999) САД #4, Contact! (2001) Eiffel 65 (2003) (претежно на италијански јазик) Eiffel 65 2 Disc (2004) (Диск 1: Eiffel 65, Диск 2: Eiffel 65 на англиски јазик)
Надворешни врски
Официјална страна на Bloom 06
Категорија:Музички групи Категорија:Музички групи основани во 1997 година